Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Федерер без борба се пласира во четвртфиналето

federer-bez-borba-se-plasira-vo-cetvrtfinaleto

Роџер Федерер, Енди Мареј, Томаш Бердих и Марин Чилиќ изборија пласман во четвртфиналето на тенискиот грен слем во Њујорк.

Првиот носител на турнирот Швајцарецот Федерер меѓу осумте најдобри се пласира без борба, откако домашниот играч Марди Фиш му го предаде мечот.

Фиш кој пред неколку месеци имаше проблеми со срцето, во понеделникот почувствувал болка во градите, несакајќи да ризикува тој воопшто не се појави на теренот.

Противник на Федерер во четвртфиналето ќе му биде Чехот Томаш Бердих. Шестиот носител на турнирот во три сета, во осминафиналето, го победи Николас Алмагро 7:6, 6:4, 6:1.

Три сета за пласман во следната рунда му беа потребни и на олимпискиот шампион Енди Мареј, Британецот против Милош Раониќ ги доби првите два сета со 6:4, а во третиот беше уште поубедлив добивајќи го овој сет со 6:2.

Мареј за пласман во полуфиналето ќе се бори со Чилиќ. Хрватскиот тенисер во осминафиналето го победи најголемото изненадување на турнирот, 50-от играч на АТП листата Словакот Мартин Клижан со 7:5, 6:4, 6:0.

04.09.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

„Македонско девојче“ ечи во Париз: Јокиќ пее качен на стол, српските кошаркари ја славеа бронзата (в... Кулминацијата на прославата беше кога најдобриот играч на НБА, Никола Јокиќ, се ...
Браво! Нашата Мила Рељиќ победи двократна олимписка шампионка во таеквондо на својот деби настап на ... Браво! Нашата Мила нè израдува на нејзиниот прв настап на Олимпијадите! Браво...
Контроверзии за боксерскиот меч на Мајк Тајсон и Џејк Пол + најсмешните мемиња Откако Џејк Пол го победи Мајк Тајсон во боксерски натпревар, многумина излегоа ...
„Мора да ме почитувате“: Ѓоковиќ се налути и ѝ одржа лекција на публиката на Вимблдон + кои ѕвезди с... За време на вчерашниот натпревар на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ помисли дека публика...
Браво! Миа Танеска (12) освои злато на таеквондо турнир во Солун и го развеа македонското знаме Нашата Миа на турнирот настапи во категоријата кадетки од 12 до 13 години, и иак...
Фотки кои будат носталгија - пред 31 година се одржа првиот историски меч на нашата фудбалска репрез... Со ретро фотографии стари преку 3 децении, ФФМ се присети на првиот, историски н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg