- Check if RSS URL is online
- Check if RSS contains items
Фотки кои будат носталгија - пред 31 година се одржа првиот историски меч на нашата фудбалска репрезентација
- Детали
- понеделник, 14 октомври 2024
Со ретро фотографии стари преку 3 децении, ФФМ се потсети на првиот, историски натпревар на нашата репрезентација.
Вчера (13 октомври) се одбележа 31 година од денот кога македонската фудбалска репрезентација го одигра својот прв натпревар во историјата, во Крањ, Словенија.
Пријателскиот натпревар, кој се одигра на 13.10.1993, го предводеше селекторот Андон Дончевски, а нашите фудбалери со дури 4:1 ги победија Словенците.
Првиот историски гол за Македонија го даде Зоран Бошковски - Чоко, а потоа на листата на стрелци се запишаа и Дарко Панчев, Чедомир Јаневски и Драги Канатларовски.
Фудбалската федерација на Македонија се потсети на првата репрезентација и на историскиот ден на првиот натпревар со неколку носталгични фотографии.
На својата фан-страна на Фејсбук, ФФМ објави фотографии од тие неколку дена поминати во Словенија, од неформалното дружење на играчите и радоста по првиот гол на фудбалерите.
„Горди! Напред Македонија“, стои во пораката на ФФМ.
Но, се чини годишнината од првиот натпревар на македонската репрезентација и сега е среќна за македонските фудбалери.
На истиот датум, само 31 година подоцна, тие ја победија репрезентацијата на Ерменија на гости, со резултат 2:1.
Оваа победа беше прославена еуфорично во соблекувалната на репрезентацијата.
Погледнете ги носталгичните фотографии од 1993-та, и видеото од синоќешната прослава на фудбалерите:
А. Ј. | Црнобело