Турскиот Џон Вик и уште 11 највирални и емотивни моменти од Олимпијадата во Париз, низ фотки
- Детали
- вторник, 13 август 2024
Моментот кога Лајлс на трката на 100m за илјадатинка му ја „украде“ победата на Јамајканецот со навалување на телото на целта, емотивниот момент кога девојките на второ и трето место ѝ се поклонуваат на победничката, Пакистанецот кој освои злато иако тренирал во мизерни услови...
Летните олимписки игри во Париз завршија на 11 август со официјална церемонија за затворање и предавањето на олимпиското знаме на градоначалничката на Лос Анџелес.
Но, освен запишаните успеси и добиени медали, останаа куп спомени и вирални моменти на кои можеме да се потсетиме.
Во продолжение споделуваме дел од најинтересните, инспиративни, смешни и емотивни моменти од Олимпијада 2024, низ фотки:
Турскиот Џон Вик од реалноста стана хит преку ноќ заради стрелањето со лабав став и рака во џеб
Бразилскиот сурфер Габриел Медина ги замени брановите за облаци – неверојатна фотка на која изгледа како тој му се заблагодарува на Бог за својата победа
Емотивен момент кога Симон Бајлс и Џордан Чилс ја слават победата на Бразилката Ребека Андраде и ѝ се поклонуваат
Пакистанецот Аршад Надем инспирираше милиони луѓе во светот откако освои злато (прво олимписко во атлетика во неговата земја) во фрлање копје, иако растел во сиромаштија и тренирал во мизерни услови
Совршена фотка на која Месечината идеално се вклопува во еден од 5-те олимписки кругови поставени на Ајфеловата кула
Снуп Дог го надмина стравот од коњи и заедно со Марта Стјуарт присуствуваше на коњички натпревар
Пред натпреварот тој призна дека има страв од коњи и нагласи: „Сакам да им дадам малку јаболка и моркови, само да се осигурам дека ќе бидат добро најадени пред настанот“.