Жртви во име на професијата – Како изгледаат стапалата на Леброн Џејмс и Шекил О'Нил од долгогодишната кариера?
- Детали
- петок, 09 февруари 2024
Секоја професија си има своја тежина, а во спортот освен што постои опасност од повреди, очигледно може да дојде и до трајни деформитети на стапалата. Тоа го покажуваат фотките од стапалата на Леброн Џејмс и Шекил О'Нил.
Леброн Џејмс е едно од најпознатите имиња во светот на кошарката. Но, очигледно долгогодишната кариера оставила траги врз неговото тело.
На социјалните мрежи масовно се споделува фотографија од Леброн Џејмс на одмор, на која наводно се гледа како изгледаат стапалата на кошаркарот по неговата долгогодишна спортска кариера.
Фотката била направена во 2013-та година додека кошаркарот бил на одмор, а на неа се гледа дека прстите на нозете му се собрани во купче, а малото прсте е целосно свиткано во неприроден правец.
Се верува дека сега неговите стапала се во многу полоша состојба и дека кошаркарот месечно троши по 7.000 долари за нивна нега.
Фотографијата се споделува како потсетување за жртвата што тој ја направил за да стане еден од најпознатите кошаркари на сите времиња.
Инаку, претходно и кошаркарот Шекил О'Нил во емисија во живо покажа како му изгледаат стапалата по долгогодишната кошаркарска кариера.
Од овие фотки може да се види дека ако планирате да се занимавате со овој спорт, тогаш може да очекувате проблеми со стапалата.
Б. С. Б. | Црнобело