Единствениот човек што сакал да ги открие деталите за Шумахер се „обесил“ во затвор
Обид за објава на фотографија
По ова, имаше уште еден обид во медиумите да се објават детали за Шумахер.
Анонимен „пријател“ наводно успеал да го фотографира во неговиот дом и се обиде да ја продаде фотката во европските медиуми за цена од 1 милион евра.
Но, германските власти брзо успеаја да го фатат пријателот и да го спречат објавувањето на фотката. Па, затоа денес нема ниту една фотографија од Шумахер по несреќата.
Ексклузивно интервју со Шумахер
Последниот обид за заработка врз несреќата на Шумахер беше на почетокот на годинава кога германскиот весник Die Aktuele, објави прво големо интервју со возачот, во кое наводно Шумахер самиот тврдел дека неговата сопруга била скршена од несреќата.
„Тоа беше ужасен период за мојата сопруга, моите деца и целото семејство“ – наводно рекол Шумахер.
Иако првично светската јавност беше пресреќна што здравствената состојба на еден од најпознатите Формула 1 возачи се подобрува, на крај беше откриено дека весникот интервјуто го направил со помош на вештачка интелигенција.
Јавноста за здравствената состојба на Шумахер може да дознае само онолку колку што тоа ќе го дозволат членовите на неговото семејство.
Неговата сопруга и децата учествуваа во документарниот филм на Нетфликс, но и овој филм многу повеќе беше сконцентриран врз неговата кариера и деталите за неговата моментална состојба и натаму остануваат мистерија.
Прочитајте и Корина Шумахер јавно проговори за животот со Михаел по несреќата: „На сите ни недостасува, но тој, иако е поинаков, сепак е тука!“
Б. С. Б. | Црнобело