ATL: Финален турнир во Скопје
- Детали
- среда, 27 септември 2023
Последниот турнир од Adriatic Teqball League (ATL) Ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје, во сабота 30ти септември.
Најдобрите текери од земјите во регионот, Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина, ќе се натпреваруваат на петиот турнир за титулата најдобар на Јадранската Текбол Лига во Men's Doubles, а претходните четири турнири ги освои двоецот од Нови Сад, повеќекратните светски шампиони, Никола Митро и Богдан Маројевиќ, членови на екипата „Лиман“. Момците од Нови Сад беа најуспешни во Бар, Сараево, Задар и на Златибор, а големи очекувања имаат и од последниот турнир.
Дека се во добра форма потврдува и освојувањето на турнирот во Рио де Жанеиро и трето место на натпреварот во Пула. „Впечатоците се одлични од досегашните турнири, еден формат на натпреварување и проект кој е можеби дури и најдобар во историјата на овој спорт. На претходните турнири помина се во најдобар ред, одржани се четири турнири каде имаше многу публика, доста добри играчи, добри потези како и сјаен текбол, што е воедно и најдобра промоција за Балканот и за сите овие држави каде се игра Adriatic Teqball liga. Очекувањата во Скопје, како и на претходните натпреварувања и турнири се секако големи, ќе се потрудиме да го продолжиме низот и да освоиме уште едно прво место, но нема да биде лесно со оглед дека напредува овој спорт, па така и самите играчи во оваа лига. Сите пофалби уште еднаш за одличниот проект и се гледаме наскоро во Скопје“, рече членот на „Лиман“, Богдан Маројевиќ.
Скопје нема првпат да биде домаќин на голем текбол турнир – на почетокот на годината ги пречека најдобрите европски натпреварувачи на турнирот European Teqball Tour, кој беше воедно и квалификационен за Европските игри во Краков.
Турнирот Adriatic Teqball League подржан е од страна на Агенцијата за млади и спорт, преку проектот #BeActive.
Adriatic Teqball League е доказ дека teqball како спорт доживува процвет на Балканот. Еден од најдобрите парови на светот доаѓа од Нови Сад, се посериозно се игра во Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина, а еден од најдобрите играчи во Македонија е Димитар Пејчиновски, кој ја претставуваше репрезентацијата на Европските игри во Краков ова лето.
,,Драго ми е дека и Скопје е вкрстен како град домаќин во овогодинешната Јадранска лига, и дека после квалификациониот турнир за Европските Олимписки игри во јануари оваа година, граѓаните на Скопје повторно ќе можат да уживаат во игрите на некои од најдобрите светски играчи.
Самата лига е од исклучително значење за сите играчи , бидејќи имаме прилика да играме натпревари кои ни помагаат да напредуваме и стекнеме потребно искуство за меѓународни турнири кои не очекуваат во иднина.
Она што посебно би го истакнал е самата атмосфера помеѓу сите играчи, за 25 години колку сум во спортот никогаш не сум доживеал да владее толку позитивна натпреварувачка но и другарска атмосфера.’’, изјави Пејчиновски.
Текбол е спорт кој е се попопуларен, а со својата атрактивност и едноставност се истакнува како кандидат за Олимписките игри во Лос Анџелес 2028. година. Се работи за спорт кој се игра на специјално дизајнирана, закривена маса, со топка слична на фудбалската, со најмногу три контакти со топката со сите делови од телото, освен рацете, а во случај на дубл категориите задолжителна е макар една размена помеѓу членовите на парот. Ни носи многу атрактивни потези, мајстории и интересни размени, во кои публиката ужива во текот на натпреварот кој се игра на два добиени сета, за кои е потребно да освои 12 поени.
Пријавите за ATL завршниот турнир во Скопје се отворени до среда, а сите заинтересирани парови можат да се пријават преку инстаграм профилот adria_teq. Исто така, сите љубители на текбол-от ќе може да го следат завршниот спектакл во живо на YouTube.