Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го победи Ѓоковиќ на Вимблдон?
- Детали
- сабота, 22 јули 2023
Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал тренер. Карлос Алкарез пораснал со рекетот во раце, а успеа да го оствари својот, но и сонот на неговиот татко - само на 19 години стана најдобар тенисер во светот. Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што успеа да го победи Ѓоковиќ на Вимблдон?
По завршувањето на турнирот Вимблдон, дури и оние што не се големи љубители на тенисот слушнаа на Карлос Алкараз, 20-годишното момче од Шпанија што успеа да му ја „украде“ осмата титула на Новак Ѓоковиќ.
Алкараз важи за нова ѕвезда во светот на тенисот, а освен со успесите на теренот, привлекува внимание со своите скромни почетоци и начинот на живот.
Следуваат неколку интересни факти за шпанскиот тенисер, што сигурно не сте ги знаеле:
Карлос Алкараз е роден на 5-ти мај 2003-та година во Ел Палмар, Шпанија. Тој е роден како второ дете во семејството кое има четири машки деца.
Неговиот татко работел во Real Sociedad Club de Campo de Murcia, тениската академија каде Карлос од најмали нозе почнал да игра тенис.
Неговиот татко, Карлос Алкараз Гонзалез, бил вљубен во тенисот како спорт, но заради финансиската состојба не можел да си дозволи да ја продолжи кариерата.
Кога имал само 14 години, на Карлос Гонзалез му било понудено место во тениската академија Bruguera во Барселона, но неговото семејство немало доволно финансии за да му го исполни сонот.
Затоа, направил сѐ што е во негова можност на синот Карлос од најмала возраст да му го обезбеди тоа што му е потребно за да успее во кариерата.
Во 2018-та година, татко му одлучил да почне да работи во спортскатата академија Equelite JC Ferrero со цел да му овозможи на синот да тренира со Хуан Карлос Фереиро, поранешниот најдобар тенисер на Шпанија, за кого денес младиот Алкараз вели дека му е како татко.
Во моментот кога Карлос во 2022-ра година победи на US Open и стана најмладиот тенисер што успеал да се искачи на првото место на АТP листата, татко му рече:
„Успеавме да го оствариме сонот на Карлос, да биде број 1 во светот. Неверојатно е што тоа успеа да го постигне на возраст од само 19 години“.