Нема приватен авион, кога може се вози со велосипед на турнири – На што ги троши Новак Ѓоковиќ парите?
- Детали
- недела, 16 јули 2023
Има колекција од скапи автомобили, но кога може, на натпреварите оди со велосипед, не поседува приватен авион, туку го изнајмува – на што ги троши Новак Ѓоковиќ милионите?
Додека Новак Ѓоковиќ на светските тениски турнири ги „гази“ ривалите, неговата сметка во банката продолжува да расте.
Според Forbes, Ѓоковиќ до мај годинава имал заработка од 170 милиони долари само од победите на теренот, а дополнителни 340 милиони заработил од другите бизниси и договори.
Оттука, Forbes проценува дека до мај годинава Ѓоковиќ „тежел“ околу 510 милиони долари.
Освен што заработува на теренот, Новак има сопствен синџир ресторани, објави книга за здрав начин на исхрана, има голем број спонзори, а беше вклучен и во снимањето на неколку документарни филмови.
Јасно е дека Ѓоковиќ заработува многу, но да видиме - како ги троши парите?
Познато е дека Новак не сака премногу да се истакнува со луксузен начин на живот, но факт е дека има свој двособен стан во Монте Карло, земјата каде цената на недвижностите е мошне висока.
Во 2009-та година тој даде околу 2,5 милиони долари за да ја купи јахтата „Manhattan“, што по неколку години ја продаде.
Ноле и неговото семејство имаат компанија што се вика Family Sport, која е сконцентрирана на организација на настани. Во 2009-та година компанијата го откупи Dutch Open и го претвори во Serbia Open. No, по само 4 години настанот беше откупен од ATP.
Во 2017-та година Ноле купи стан во Сохо во Њујорк, во вредност од 10 милиони долари.
Две години подоцна, Ѓоковиќ се почести со уште еден луксузен имот во Мајами.
Трособниот стан се наоѓа во зграда каде становите се движат по цена од 2 до 13 милиони долари, а другите имоти со слична квадратура се продаваат по цена од околу 9 милиони долари.