Познати дами кои не се плашат да покажат како изгледаат без филтри и Фотошоп
Минди Калинг
Како жена која честопати била критикувана за изгледот, актерката Минди Калинг многу добро знае колку е важно да се прифатиме себеси.
Поради ова, одвреме-навреме споделува фотки на кои нема шминка и кои не се уредувани.
https://www.instagram.com/p/CgLKylPJOcv/
Карди Би
Познатите дами неретко носат и перики, но Карди Би не се плаши да покаже како изгледа нејзината природна коса.
Пејачката отворено кажува дека нејзината коса е оштетена, како и дека сака да користи домашни третмани за нега наместо да оди во скапи салони.
Камила Кабејо
Младата пејачка се соочи со многу критики бидејќи качи некој килограм, но ова само ја поттикна да зборува за нереалните стандарди за убавина.
Камила дозволува папараците да ја фотографираат во најлошо издание, а и самата редовно споделува фотки на кои ги покажува облините.
https://www.instagram.com/p/CSDE0DfpJds/
Селена Гомез
Слично како Камила, и Селена се најде на мета на критики поради вишокот килограми.
На ова, таа одговори дека се поправила од лекови, како и дека здравјето и е многу поважно од тоа да изгледа како модел.
Синди Крафорд
И Синди, која е еден од најпознатите супермодели на сите времиња, е поборник за природната убавина.
Таа често споделува фотки на кои нема шминка, а не се плаши да покаже и дека не секогаш има направено педикир.
Спирова С. | Црнобело