Познати дами кои не се плашат да покажат како изгледаат без филтри и Фотошоп
- Детали
- сабота, 25 февруари 2023
Криси Тајген објави видео на кое покажа како изгледа нејзиното тело веднаш по породувањето, а Камила Кабејо гордо ги покажува облините и воопшто не се грижи за критиките на сметка на нејзиниот изглед.
Повеќето познати дами ги гледаме само во најдобро издание. Но, некои од нив не се плашат да ги покажат „недостатоците“ како стомаче, стрии и акни.
Пoзнати дами кои храбро споделуваат фотки (и видеа) без филтри:
Криси Тајген
Криси отсекогаш била отворена за промените што се случиле со нејзиното тело во текот на бременоста.
Во 2018-та, таа дури сподели и видео на кое ѝ се познаваат стриите и стомачето по породувањето.
https://twitter.com/chrissyteigen/status/1024102876375801856
Хелен Мирен
Познатата актерка не само што избегнува пластични операции и корекции на лицето, туку без проблем објавува и фотки на кои нема ни грам шминка.
Клои Кардашијан
Факт е дека сестрите од кланот Кардашијан-Џенер не дозволуваат онлајн да се појави нивна фотка која не е уредувана.
Но, Клои ги менува вие правила.
Таа има споделено фотка од нејзините стрии, а неодамна го покажа и целулитот на Инстаграм објава.
Кортни Кардашијан
И Кортни ги следи стапките на Клои, па сè почесто споделува фотки на кои ѝ се познава стомачето и другите „несовршености“.