Разголено стомаче, широки фармерки – Ријана и во втората бременост со впечатлив стил (фото)
- Детали
- недела, 19 февруари 2023
На првото појавување по настапот на Super Bowl, Ријана покажа дека не се откажува од впечатливиот труднички стил – пејачката беше забележана во Калифорнија со широки фармерки, кратка маичка што ѝ го открива стомакот и долга крзнена бунда.
Ријана откри дека го очекува второто дете на нејзиниот настап на Super Bowl, а на првото појавување во јавност по настанот, се појави во впечатлива трудничка комбинација.
34-годишната пејачка беше забележана како оди во ресторан во Калифорнија, а за пригодата избрала широки фармерки, маичка што ѝ го открива трудничкото стомаче и долга крзнена бунда.
Во првата бременост, Ријана стана препознатлива по впечатливите и необичните модни комбинации, и додека некои се восхитува на нејзината храброст, дел од јавноста ја критикуваше, најмногу поради разголениот стомак.
Пејачката и Ејсап Роки го добија првото дете пред околу девет месеци, а за интервју за британскиот Vogue таа откри дека до неодамна не биле свесни дека е повторно бремена.
Во истото интервју, Ријана зборуваше и за мајчинството, но и за стравовите – пејачката вели дека воспитувањето на нејзиното дете е една од „најстрашните обврски што ги имала“.
„Навистина не се сеќавам каков ми бил живото претходно, а тоа е лудо.
Постојано си мислам ’Каде ќе ги оставам моите деца? Дали е ова планетата на којашто треба да живеат?‘“
За породувањето, пејачката сподели дека уште не ѝ се верува дека влегла во болница бремена, а излегла со бебе. Истовремено, таа истакнува дека Ејсап Роки е прекрасен татко.
Прочитајте и Мама е глава на семејството: Ријана објави први семејни фотки со синчето и партнерот – фановите се топат
Спирова С. | Црнобело