Мама е глава на семејството: Ријана објави први семејни фотки со синчето и партнерот – фановите се топат
- Детали
- четврток, 16 февруари 2023
„Ова не е обична насловна, ова е семеен портрет“ – Ријана позираше со партнерот Ејсап Роки и синчето за првпат, а нивните прекрасни фотки ќе се најдат во мартовското издание на Vogue. Фановите коментираат дека таа е глава на семејството и дека е преслатко што ја гледаат во семејно издание.
Ријана деновиве беше топ тема во медиумите откако на настапот на Super Bowl се појави со трудничко стомаче по вторпат.
Таа и Ејсап Роки во мај 2022 го добија своето прво дете, синот на кој не му го откриваа ниту името ниту ликот, сѐ досега.
Британскиот Vogue објави повеќе фотографии од Ријана со Ејсап, за првпат во семејно издание со нивниот сладок син, кој првпат имаме можност да го видиме целосно.
Пејачката заедно со своето семејство ќе се најде на насловната на Vogue во мартовското издание, од каде што коментираат:
„Почнува нова ера и ништо веќе нема да биде исто за Рири. Ријана е ѕвездата од насловна за март 2023, но ова не е обична насловна. Ова е семеен портрет“.
Фановите пак, се воодушевени од тоа што ја гледаат пејачката во мајчинско и семејно издание, но го искоментираа и фактот дека на насловната таа е во преден план, што го протолкуваа како таа да е глава на семејството која ги води со себе своите најсакани.
Во интервјуто таа зборува за кариерата, но и за мајчинството, а открива дека во моментот на правење на фотосесијата, била бремена со второто дете, но уште не знаела.
М. М. | Црнобело