Селена Гомез одговори на злобните критики: „Се здебелив од лековите и здравјето ми е поважно од изгледот, не сум модел“

„Поважно ми е да бидам здрава и да се грижам за себе. Лековите што ги пијам се важни и ми помагаат. Кога ќе престанам со терапијата, ќе настојувам да ослабам“, вели Селена Гомез во ново видео, по бројните злобни коментари за нејзиниот изглед.

selena-gomez-odgovori-na-zlobnite-kritiki-se-zdebeliv-od-lekovite-i-zdravjeto-mi-e-povazhno-od-izgledot-ne-sum-model-01.jpg

Селена Гомез уште еднаш им возврати на критичарите кои се потсмеваат на нејзиниот изглед, истакнувајќи дека има проблеми со здравјето, но и дека не е модел за да изгледа совршено.

Во видео во живо на ТикТок, 30-годишната пејачка одговори на критиките за нејзината тежина и сподели дека пие неколку различни лекови поради кои во нејзиното тело се задржува повеќе вода.

„Кога ќе престанам со терапијата, ќе настојувам да ослабам“.

selena-gomez-odgovori-na-zlobnite-kritiki-se-zdebeliv-od-lekovite-i-zdravjeto-mi-e-povazhno-od-izgledot-ne-sum-model-05.jpg

Исто така, Селена им порача на критичарите да престанат со опсесијата за нејзиниот изглед.

„Искрено, не верувам во критикување на нечие тело или што било. И да, не сум модел. Никогаш нема да бидам. И мислам дека тоа е одлично.

Само сакам да ги охрабрам сите кои чувствуваат каков било срам за она низ коешто минуваат, а никој не ја знае вистинската приказна. Сакам луѓето да знаат дека вие сте убави и вие сте прекрасни.

И да, сите имаме денови кога се чувствуваме ужасно, но многу повеќе сакам да бидам здрава и да се грижам за себе. Моите лекови се важни и верувам дека ми помагаат“.

selena-gomez-odgovori-na-zlobnite-kritiki-se-zdebeliv-od-lekovite-i-zdravjeto-mi-e-povazhno-od-izgledot-ne-sum-model08.jpg

Претходно, Селена откри дека најмила асистент кој управува со нејзините социјални мрежи поради онлајн булингот што го трпела.

Во ново интервју за Vanity Fair, пејачката сподели дека постојано плачела и имала анксиозност поради злобните коментари, кои зачестиле во периодот кога раскина со Џастин Бибер.

selena-gomez-odgovori-na-zlobnite-kritiki-se-zdebeliv-od-lekovite-i-zdravjeto-mi-e-povazhno-od-izgledot-ne-sum-model-03.jpg

На Селена ѝ било особено тешко и поради тоа што фановите на Џастин ја споредувале со Хејли Бибер.

„Никогаш немав можност да одам во нормално средно училиште. Светот беше мое училиште и почнав да добивам информации што не ги сакав.

Поминав низ тешко раскинување и не сакав да видам никакви коментари – не за врската, туку за мислењата на другите и споредбите со некоја друга личност.

Имаше илјадници навистина добри коментари, но мојот фокус веднаш одеше на злобните“.

selena-gomez-odgovori-na-zlobnite-kritiki-se-zdebeliv-od-lekovite-i-zdravjeto-mi-e-povazhno-od-izgledot-ne-sum-model-07.jpg

„Луѓето можат да ме нарекуваат грда или глупава, а јас да не се грижам. Но некои луѓе се темелни. Пишуваат параграфи кои се многу специфични и злобни.

Постојано плачев. Постојано имав анксиозност. Повеќе не можев да издржам, си го трошев времето“.

Прочитајте и „Размислував за самоубиство, слушав гласови, секое утро плачев од болка“: Селена Гомез отворено за бројните проблеми со здравјето

selena-gomez-odgovori-na-zlobnite-kritiki-se-zdebeliv-od-lekovite-i-zdravjeto-mi-e-povazhno-od-izgledot-ne-sum-model-10.jpg

Поради сето ова, Селена сфатила дека е најдобро да се држи настрана од социјалните мрежи.

„Единствено на телефонот имам ТикТок бидејќи мислам дека е помалку злобен. Има прекрасни работи на социјалните мрежи – се поврзувам со фановите, гледам колку се среќни и возбудени. Но, обично тоа ми е филтрирано.

Создадов систем. Што и да направам, му праќам на асистентот кој објавува. Кога станува збор за коментарите, мојот тим собира неколку кои се охрабрувачки“.

Прочитајте и Опуштено стомаче, несовршено лице – Жената која одбива да се покори на стандардите за убавина: „Се сакам каква што сум“

selena-gomez-odgovori-na-zlobnite-kritiki-se-zdebeliv-od-lekovite-i-zdravjeto-mi-e-povazhno-od-izgledot-ne-sum-model09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Селена Гомез стана мета на критики затоа што си го „крие“ стомакот на настан - таа искрено им одгово... Селена Гомез искрено откри со каков здравствен проблем се соочува и изјави: „Не ...
Одат заедно на одмори и спијат во ист кревет – Како Бруклин Бекам се најде во брак во тројка? Селена Гомез на шега вели дека и нејзиното име треба да биде вметнато во венчани...
„Не сум совршена, но горда сум со себе“ – Селена Гомез искрена за промените на нејзиното тело, им од... „Нереално е да очекувате телото на нормалната жена да не се промени... Сфатив де...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg