„Траеше само 5 минути“ – Исповед на жената со која принцот Хари ја загубил невиноста
- Детали
- недела, 05 февруари 2023
„Почна да ме бакнува. Беше страсно, интензивно. Знаевме што ќе се случи. Нештата кулминираа многу брзо“ – жената со која принцот Хари раскажува како изгледало тоа од нејзина перспектива и како по 5-минутниот секс двајцата се криеле за никој да не дознае што се случило.
Во своите мемоари насловени Spare принцот Хари го опишува своето прво сексуално искуство и откри дека тоа се случило со повозрасна жена и дека целото искуство траело мошне кратко.
Откако долго време медиумите нагаѓаа која би можела да биде таа жена, па се спомнуваа имиња на голем број познати британски ѕвезди, Саша Волпол (40) одлучи да излезе во јавност и да ја раскаже приказната од своја перспектива.
Британските медиуми ја пренесуваат приказната на жената што 21 година ја криела нивната тајна. Саша е само 2 години повозрасна од принцот Хари (38), а тие двајца се запознале додека таа се грижела за коњите на имотот на сегашниот британски крал, Чарлс.
Таа денес е мајка на 2 деца која работи како управувач на градежни машини, а откако принцот Хари ја спомна во неговата книга Spare таа одлучи да излезе во јавност и да раскаже што навистина се случило.
Како што вели, таа и принцот Хари имале секс вечерта на прославата по повод нејзиниот 19-ти роденден во полјаната во близина на пабот каде било собрано друштвото.
Наводно сè започнало кога принцот ја викнал надвор на цигара, а таа вели дека воопшто не знаела дека тој всушност е невин и дека немал претходно сексуално искуство.
„Почна да ме бакнува. Беше страсно, интензивно. Знаевме што ќе се случи. Нештата кулминираа многу брзо. Тоа беше инстант искуство, а летаа искри затоа што знаевме дека не треба да го правиме тоа. Тој за мене не беше принцот Хари, тој беше Хари, мојот пријател и целата ситуација излезе од контрола.
Не планиравме тоа да се случи, немав никакви лоши намери и не знаев дека тој е невин. Сè се случи набрзина и беше многу возбудливо. И двајцата бевме под дејство на алкохол, немаше да се случи ако бевме при чиста свест“ – раскажува Саша.
Таа вели дека настанот во голема мера е точно опишан во книгата на Хари. Целото искуство траело околу 5 минути, по што таа го плеснала по задникот и се разделиле.
Саша вели дека тие двајца се обиделе да се однесуваат како ништо да не се случило и дека никој не знаел за нивната средба, сè додека принцот не одлучил да ги раскаже настаните во неговата книга.
Прочитајте и „Имав афера со принцот Хари кога имаше само 21 година – со него го имав најстрасниот бакнеж“ - Исповед на 51-годишна жена
Б. С. Б. | Црнобело