Наводно му ја земала невиноста на принцот Хари, раскинала со Хју Грант заради лош секс – Факти за Елизабет Харли
- Детали
- недела, 25 декември 2022
Раскинала со Хју Грант по 13 години врска затоа што сексот веќе не бил доволно страсен, но тие сѐ уште се најдобри пријатели, а кружеа гласини дека го завела принцот Хари кога бил тинејџер – факти за атрактивната Елизабет Харли, британската актерка која важи за една од најубавите жени.
Елизабет Харли е една од најпознатите британски модели и актерки, за која честопати се вели дека не старее.
Во шестата деценија од животот Елизабет често објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи со кои ги става во сенка и своите помлади колешки.
Убавата Британка тврди дека никогаш не направила пластични операции, а во една прилика рече дека нејзиниот добар изглед се должи на здравата исхрана.
Таа вели дека околу 50 отсто од храната што ја внесува е со растително потекло.
Позната е по нејзината улога во филмот Austin Powers: International Man of Mystery, но и во серијата The Royals, а со текот на годините стана една од најпрепознатливите британски актерки.
Неодамна Елизабет Харли беше во фокусот на јавноста откако во некои медиуми се појавија тврдења дека принцот Хари со неа ја загубил невиноста.
Британскиот принц во својата книга Spare открива дека ја загубил невиноста како тинејџер со прекрасна постара госпоѓа со која биле заедно на село, па многумина побрзаа да напишат дека најверојатно се работи за убавата актерка.
Сепак Елизабет, во одговор на прашање поврзано со овие гласини, рече:
„Не! Дефинитивно јас не сум таа госпоѓа, не сум виновна за тоа“.
Во продолжение неколку факти за Елизабет Харли.
Елизабет Харли е родена во 1965-та година во Басингстоук, Англија. Татко ѝ бил мајор во британската армија, мајка ѝ учителка, а во тинејџерските таа години била девојка со бунтовен карактер.
Вели дека во 1981-ва година, на возраст од 16 години почнала да се облекува како панкер, ја исфарбала косата розова, а потоа одлучила да побегне со номади на движењето New Age.