Снаата на Викторија Бекам среде скандал - Ги отпуштала организаторите на свадбата, им пишувала пораки во 1 по полноќ
- Детали
- среда, 01 февруари 2023
На скриншотовите што таткото на Никола Пелц ги објави се гледа како една од организаторките вели дека „ако не се напие една текила, ќе ѝ пукне главата“, а оваа порака се користи како доказ дека таа имала проблем со алкохол, иако истата е пратена во 1 часот по полноќ.
На фотографиите свадбата на најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам, Бруклин изгледаше магично, но сега е откриено дека невестата успеала да им приреди вистински кошмар на организаторите, а потоа ги отпуштала за мали грешки.
28-годишната ќерка на милијардерот Нелсон Пелц, променила дури три различни организатори на свадби затоа што првите две компании не можеле да ги задоволат нејзините високи критериуми. Освен тоа, парот во последен миг морал да бара нови музичари, а една од дизајнерките на настанот вели дека постојано плачела заради стресот што го трпела додека работела на настанот.
Интересно е што овие детали беа откриени токму од страна на таткото на Никола, Нелсон Пелц кој ја тужи втората организаторка на свадби Никол Брагин затоа што не му го вратила депозитот во износ од 159.000 долари, што тој ѝ го дал пред свадбата.
Според официјалното известување од семејството Никола е „светски позната актерка“ која глумела во голем број филмови и ТВ шоуа, а татко ѝ во тужбата вметна и голем број телефонски разговори и пораки во кои се гледа како изгледала комуникацијата на Никола со организаторката за свадби Никол.
Во една од пораките се гледа како Никол ја прашува организаторката дали Луис Хамилтон го потврдил присуството, а таа ја моли да ѝ даде малку време за да го запознае новиот систем за потврди затоа што не ѝ е јасен, на што Никола ѝ одговара:
„Луис Хамилтон не го потврди присуството. Објасни ми зошто неговото име уште е на листата, те молам. Разговарав со него, не може да дојде, па објасни ми зошто велиш дека потврдил дека ќе дојде. Лажеш. Тој воопшто не одговорил...“
Наводно, организаторите не ги задоволиле критериумите на Никола веднаш да ѝ одговорат на сите прашања, правеле грешки во однос на потврдата на присуството на гостите, а за снаата на Викторија тоа било една од причините заради кои одлучила да ја отпушти и втората организаторка на настанот.
Во тужбата се најде и една преписка каде една од вработените вели дека „ако под итно не се напие една текила, ќе ѝ експлодира главата“, што според татко ѝ на Никола е доказ дека организаторката имала проблем со алкохол, иако на скринштот се гледа дека разговорот се водел во 1.39 часот по полноќ.
На крај, семејството ја ангажирало Мишел Раго која успеала да ги заврши сите подготовки за свадбата, но таткото на Никола сега си ги бара парите назад од втората организаторка по судски пат со објаснување дека тие дале ветување дека ќе го организираат настанот иако знаеле дека немаат капацитет и услови за да организираат толку голема и важна свадба.
За потсетување, неколку месеци по свадбата Никола Пелц водеше медиумска војна и со свекрвата Викторија Бекам затоа што не стигнала на време да ѝ ја заврши венчаницата.
Прочитајте и Израснала во „хорор куќа“, Кендал Џенер ѝ го „земала“ бившиот - Факти за Никола Пелц, идната сопруга на Бруклин Бекам
Б. С. Б. | Црнобело