Никол Кидман згодна во монокини на 56 години, сопругот не може да ги тргне рацете од неа
- Детали
- петок, 05 јануари 2024
Никол Кидман и сопругот Кит беа на плажа со ќерка им Фејт која ретко се појавува во јавност со своите родители. Актерката изгледаше одлично, додека саканиот не ги тргаше рацете од неа.
Холивудската ѕвезда Никол Кидман уживаше на плажа во Сиднеј со нејзиниот сопруг, музичарот Кит Урбан, а друштво им правеше и нивната ќерка Фејт.
Актерката и нејзиното семејство привлекоа внимание на плажата полна со луѓе, но не престанаа да се забавуваат.
Тие пливаа, се шетаа по плажата, а Кит не можеше да ги тргне рацете од својата сопруга, па ја држеше за задникот додека одеа по песокот.
На плажа со актерката и музичарот беше нивната помала ќерка Фејт, која на 28 декември 2023 наполни 13 години.
Ова е ретко појавување на Фејт во јавноста со своите родители. Ни таа, ни нејзината постара сестра Сандеј Роуз (15) не одат на јавни настани со своите славни мајка и татко.
Никол носеше бело-сини монокини со долги ракави и покажа дека е згодна и на 56 години.
Неодамна таа откри дека кога излегува на сонце користи кремови со заштитен фактор 100 поради нејзиниот светол тен и скоро проѕирна кожа.
„Луѓето мислат дека претерувам, но не е така, јас само се грижам за себе“, кажаа таа во едно интервју.
А. Ј. | Црнобело