Израснала во „хорор куќа“, Кендал Џенер ѝ го „земала“ бившиот - Факти за Никола Пелц, идната сопруга на Бруклин Бекам

Татко ѝ е меѓу најбогатите луѓе во САД, има трипати поголемо богатство од Бекамови, а важи за еден од најсуровите работодавачи. Љубовните писма на Никола, Бруклин ги овековечи во тетоважа на неговиот врат, а нејзиниот бивши дечко (братот на Џиџи и Бела) ја има изневерено со Кендал Џенер. Што знаеме за Никола Пелц и за нејзиното семејство?

izrasnala-vo-horor-kukja-kajli-djener-i-go-zemala-bivshiot-fakti-za-nikola-pelc-idnata-sopruga-na-bruklin-bekam-01.jpg

Викендов синот на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин и богатата американска наследничка Никола Пелц ќе застанат пред олтар и ќе стапат во брак.

Нивната свадба е топ-тема во сите светски медиуми, а парот неодамно го даде своето последно заедничко интервју пред конечно да го кажат судбоносното „ДА“.

Тие во видео интервју за Vogue открија повеќе детали за свадбата која ќе чини околу 4 милиони долари, како и за тоа колку добро се познаваат меѓу себе.

Никола призна дека најмногу се плаши заради првиот танц, затоа што не знае да танцува, а според нив медениот месец од соништата би бил на југот на Франција.

Веќе се откриени повеќе детали за свадбата на Бруклин и Никола. Знаеме дека тие потпишаа предбрачен договор, свадбата ќе се одвива според еврејските обичаи, а старосватица ќе биде бабата на невестата.

Прочитајте повеќе: Детали за свадбата на Бруклин Бекам: Старосватица ќе биде бабата на Никола, младоженецот ќе носи еврејско капче

Во продолжение да погледнеме неколку интересни факти за идната сопруга на Бруклин и нејзиното семејство што можеби не сте ги знаеле:

Таткото на Никола, Нелсон Пелц е еден од најбогатите луѓе во САД. Неговото богатство се проценува на 1,7 милијарди долари, што е речиси трипати повеќе од богатството на Дејвид и Викторија Бекам, од 450 милиони долари.

izrasnala-vo-horor-kukja-kajli-djener-i-go-zemala-bivshiot-fakti-za-nikola-pelc-idnata-sopruga-na-bruklin-bekam-02.jpg

Во минатото, вработените во домот на семејството Пелц излегоа со повеќе шокантни тврдења за тоа како изгледа да се работи во нивниот дом, кој уште го нарекуваат и „хорор куќа“. Се знае дека Нелсон Пелц никаде не оди без обезбедување, а сите простории во палатата се под постојан надзор.

izrasnala-vo-horor-kukja-kajli-djener-i-go-zemala-bivshiot-fakti-za-nikola-pelc-idnata-sopruga-na-bruklin-bekam-08.jpg

Според тврдењата, вработените не смеат да земаат храна од кујната во која работат, дури и ако истата треба да се фрли, туку со себеси да си носат сопствен оброк. Еден од нивните вработени се пожалил дека добил закани за отказ откако бил фатен на камера како зема ѓеврек што требало да го фрли.

izrasnala-vo-horor-kukja-kajli-djener-i-go-zemala-bivshiot-fakti-za-nikola-pelc-idnata-sopruga-na-bruklin-bekam-03.jpg

Уште неколку факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Децата треба да учат од нив: Викторија и Дејвид и по 25 години брак вљубени на Валентајн „Што да му купиш на мажот што има сѐ“ – се пошегува Викторија до фотката од пода...
Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...
Тревис Баркер во крзнени папучи, Ријана на аеродром со двата сина: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек за реклама се потсмеваше на своја сметка со голем број кутии крофни и ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg