Израснала во „хорор куќа“, Кендал Џенер ѝ го „земала“ бившиот - Факти за Никола Пелц, идната сопруга на Бруклин Бекам
Каке дете Никола играла хокеј, па дури сонувала дека еден ден ќе стане професионален хокеј играч, а нејзината мајка, моделот Клаудија Хефнер стравувала дека ќе се разочара од тоа кога ќе сфати дека за девојчињата нема место во професионалниот хокеј. Сепак, тоа не се случило, а Никола на 12 години почнала да игра во театарски претстави.
Никола досега играла во повеќе филмови како Avatar, Transformers, во серијата Bates Motel, а учествувала во видео спот на Мајли Сајрус.
Пред да биде во врска со Бруклин Бекам, Никола се забавуваше со братот на сестрите Џиџи и Бела, Анвар Хадид. По една година врска раскинаа, затоа што тој беше фатен како ја изневерува со Кендал Џенер.
Иако точно не се знае кога почнале да се гледаат, Никола и Бруклин на почетокот на 2021-ва година на Инстаграм објавија дека се во врска. Бруклин има голема тетоважа на вратот која всушност е љубовно писмо што Никола му го напишала:
„Ти си мое момче засекогаш. Прочитај го ова секојпат кога ќе се чувствуваш вознемирено.
Сакам да знаеш дека многу си сакан. Ти си најљубезниот човек што некогаш сум го сретнала и се надевам дека нема да поминам ниту еден ден без твојата љубов.
Мислам дека си неверојатен.
Само сакам да знаеш дека можеме низ сѐ да поминеме заедно доколку дишеш длабоко и ми веруваш. Те сакам неизмерно. Секогаш ќе те сака, твојата идна сопруга.“
Се знае дека Никола е во одлични односи со идната свекрва Викторија. Идната сопруга на Бруклин истакна дека Викторија е една од жените на која ѝ се восхитува и ѝ е вистинска инспирација во животот.
Прочитајте повеќе: Татко ѝ е милијардер, мама Викторија ја одобри: 10 факти за девојката на Бруклин Бекам
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Семејна драма кај Бекамови: Бруклин не зборува со Ромео бидејќи е во врска со негова бивша девојка
Новата девојка на Ромео Бекам – Ким – е бивша на брат му Бруклин. Иако Бруклин е...

Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите?
По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...

Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан...
Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...

Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др...
Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ...
„Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“
„Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...