Шакира ја помина најтажната Нова година: „Срцето ми е скршено, но не престанувам да сакам“
- Детали
- четврток, 05 јануари 2023
Шакира не сакала да дозволи нејзините синови празниците да ги поминат со новата љубовница на нивниот татко. По повод првата новогодишна ноќ што ја помина без нив таа објави емотивна порака на социјалните мрежи и призна дека срцето сѐ уште ѝ е скршено.
Колумбиската пејачка Шакира за првпат Новата година ја дочека без синовите Милан (9) и Саша (7), а на Инстаграм објави порака во која се осврна и на случувањата од минатата година и скандалите во кои се најде.
Децата на Шакира и Пике, Милан и Саша божиќните празници ги поминаа со нивната мајка, а за Нова година беа заедно со татко им и неговото семејство.
Пејачката за првпат ја дочека новата година без синовите, а на Инстаграм објави емотивна порака што многумина ја протолкуваа како директен удар за неверството на нејзиниот поранешен партнер:
„Дури и ако раните сѐ уште ни се отворени во новата година, времето е најдобар хирург.
Дури и ако некој не изневерил, мора да продолжиме да им веруваме на луѓето.
Кога ќе се соочите со искушение, не заборавајте ја сопствената вредност.
Бидејќи постојат многу повеќе добри луѓе од лоши. Многу повеќе има луѓе со емпатија од оние што се индиферентни.
Многу помалку се оние што нѐ напуштаат од оние што остануваат покрај нас.
Нашите солзи не се залудни, тие ќе ја наводнат почвата за нашата иднина да процвета и да нѐ направи почовечни, па така дури и кога ни е скршено срцето, ќе продолжиме да сакаме“ – напиша таа во пораката.
Според договорот што Шакира и Пике недоамна го постигнаа, децата ќе престојуваат со нивниот татко до 6-ти јануари, по што заедно со нивната мајка ќе заминат во Мајами.
По разделбата Пике има право да ги задржи синовите по 10 дена месечно, како и за време на празниците.
Инаку, претходно во дел од шпанските медиуми се појавија информации дека Пике имал расправија со новата девојка Клара Чиа Марти, затоа што таа била љубоморна додека тој го проверувал Инстаграм профилот на поранешната партнерка, а дополнително пејачката му поставила услов да не дозволува синовите да поминуваат време со неговата љубовница.
За потсетување, се претпоставува дека Пике ја изневери пејачката по 11 години врска со Чиа Марти, а не чекаше долго за да се појави со неа во јавност и да покаже дека е во врска со неа.
Б. С. Б. | Црнобело