Жерар Пике се бакнува со девојката во Прага, Шакира со влечки и чорапи шета со синовите во Рим (фото)
- Детали
- петок, 16 декември 2022
Додека Жерар Пике е вљубен до уши и се бакнува во Прага со девојката, Шакира со нивните синови е на семеен одмор во Италија, каде прошета со специфичен стајлинг со влечки Bottega Veneta од 715 долари.
Жерар Пике (35) е фотографиран со девојката Клара Чиа за време на прошетка во Прага.
Фудбалерот, кој се раздели со Шакира по 12 години заедно, изгледа навистина вљубено и е фотографиран како разменува нежности со девојката.
Интимните мигови се пред хотел во центарот на Прага.
Шакира пак, деновиве со синовите, кои ги има со Пике, е на патување во Рим.
Во италијанската метропола таа беше со специфичен стајлинг со влечки на висока потпетица и чорапи. Тие се од брендот Bottega Veneta и чинат 715 долари.
Таа ужива во дружбата со синовите и семејниот одмор во Италија.
Повеќе фотографии oд Шакира со синовите:
С. С. | Црнобело