Лапсусот на Антониа во „Амиџи шоу“, реакцијата на Сара Јо по победата на Констракта – Хит моменти на социјалните мрежи во 2022
- Детали
- вторник, 20 декември 2022
Долго ќе се помнат фотките на Бен Афлек кој спиеше со подзината уста на стол во Париз или видеото во кое Мадона нервозно го криеше рацете од фотографите, лапсусот на Антониа во Амиџи шоу, но и скандалот на Евровизија со знамето... Фотки и видеа што ја одбележаа 2022-ра година на социјалните мрежи.
Веќе се навикнавме сите фотографии и случувања масовно да се споделуваат на социјалните медиуми и за нив да се коментира, а некои домашни и странски ѕвезди годинава ја имаа таа (не)среќа да бидат топ тема.
Така моментот кога нашата евровизиска претставничка Андреа го фрли знамето за да позира без него или ненамерниот лапсус на Антониа Гиговска во „Амиџи шоу“ беа некои од случувањата за кои надолго и нашироко се дебатираше.
Во продолжение неколку видеа и фотографии што станаа хит на социјалните мрежи во 2022:
Бен Афлек кога заспа на брод на медениот месец во Париз
По свадбата Бен Афлек и Џенифер Лопез беа на меден месец во Париз, а каде и да одеа околу нив постојано имаше папараци. Така во еден миг Бен беше уловен како заспа на брод со подзината уста.
Повеќе фотографии од Бен Афлек на бродот во Париз погледнете ТУКА.
Смешните гримаси на принцот Луи за време на јубилејот на кралицата
Кралицата Елизабета годинава го прослави својот Платинест јубилеј, а хит на настанот беше најмалиот син на Вилијам и Кејт, принцот Луи, кој со своите слатки гримаси стана хит на социјалните мрежи.
Повеќе фотографии од овој настан погледнете ТУКА.
Антониа Гиговска со нејзиниот лапсус во „Амиџи шоу“
Антониа Гиговска во моментов е една од нашите најпознати пејачки на Балканот, а во текот на годинава имаше свое гостување кај Огњен Амиџиќ, во емисијата „Амиџи Шоу“.
Taa стана хит откако направи лапсус па кога ја прашаа како се вика слатко од тегла на македонски, одговори самоуверено: „компот“.
Повеќе фотографии и видеото од гостувањето можете да ги погледнете ТУКА.
Јелена Карлеуша кога ја заследи Канје Вест
Откако на Инстаграм ја заследи Канје Вест, таа тоа го прослави така што се фотографираше целосно гола, а на нозете носеше само патики од неговиот бренд Yeezy.
Брзо по ова Карлеуша стана хит меме на Твитер, а се споделуваа голем број на фото-монтажи во кои се наведуваа ситуации, како би се фотографирала српската пејачка кога би ја заследил некој познат.
Повеќе мемиња и фотографии од Карлеуша погледнете ТУКА.
Реакцијата на Сара Јо кога Констракта ѝ ја зема победата на „Беовизија“
Уште еден неочекуван момент годинава беше победата на Констракта на „Беовизија“. Нејзината песна брзо стана хит и кај нас, а речиси сите ја споделуваа реакцијата на Сара Јо, која претходно веруваше дека годинава ќе ја претставува својата земја на „Евровизија“.