„Мизерен е зошто ѝ се гледаат градите“ – Бен Афлек хит на Твитер откако Џеј Ло се појави во смел аутфит на ELLE's Women in Hollywood
- Детали
- среда, 06 декември 2023
„Погледни му го говорот на телото жено“ – ѝ порачаа твитерџиите на Џеј Ло по видеото на кое се гледа дека на Бен Афлек не му е воопшто пријатно додека заедно позираат на црвен тепих. Според коментарите, на Бен не му се допаѓа тоа што сите гледаат во градите на неговата сопруга.
Во Лос Анџелес вчеравечер (05.12) се одржа настанот ELLE's Women in Hollywood каде се појавија голем број познати личности, но сите погледи беа вперени кон Џенифер Лопез (54), која на настанот одлучи да се појави во смел аутфит, од кој ѕиркаа нејзините разголени гради.
Џеј Ло носеше фустан на Grace Ling, со футуристички детаљ во горниот дел кој ѝ открива дел од градите.
Додека низ медиумите масовно се споделуваат фотографиите на кои таа и Бен Афлек страсно се бакнуваат на црвениот тепих, на Твитер кружи едно друго видео од „зад камерите“ на кое Бен е мизерен и не може да дочека да помине фотографирањето за да си замине.
https://twitter.com/KirstenChuba/status/1732250095486435711
Џеј Ло вљубено го погледнува и заедно си заминуваат, но во коментарите под видеото Џеј Ло е мета на критики.
„Леле каков смел аутфит“;
„Погледни му го говорот на телото жено“;
„Леле, Бен Афлек изгледа мизерно. Не изгледа среќен затоа што таа носи аутфит во кој ги покажа градите. Одвратно е“ – стои во дел од коментарите.
Исто така, на Инстаграм кружи уште едно видео на кое Џеј Ло дава изјава, а според некои ова е првпат Џеј Ло да изгледа како жена во шестата деценија од животот:
Погледнете повеќе фотографии од Џеј Ло во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело