Антониа Гиговска беше гостинка во Амиџи Шоу – направи мал лапсус и шега на своја сметка, но отпеа маестрално (фото+видео)
- Детали
- среда, 06 јули 2022
Во краток фустан во тиркизна боја и длабоко деколте со синџирче меѓу градите, Антониа Гиговска блесна во емисијата „Амиџи Шоу“, и уште еднаш ја воодушеви публиката со своите гласовни способности, а со еден мал лапсус ги насмеа фановите, но и сама се пошегува на своја сметка.
Нашата пејачка Антониа Гиговска полека но сигурно ја освојува сцената во регионот, па синоќа (05.07) гостуваше во емисијата Амиџи Шоу на Огнен Амиџиќ во Србија.
На гостувањето таа блесна во тиркизен фустан со длабоко деколте, а уште еднаш ја воодушеви публиката со одличните вокални способности.
Антониа во емисијата ја отпеа српската верзија на Полско цвеќе од Тоше Проески, а во дует со Мирза Селимовиќ ја отпеаја и песната Mora da je ljubav.
Погледнете го видеото од изведбата:
Освен што пееше, Антониа во емисијата имаше предизвик да преведува поими на македонски јазик, а на социјалните мрежи стана хит поради еден мал лапсус.
Огнен Амиџиќ сакаше да се пошегува на сметка на македонскиот јазик и ѝ постави неколку прашања на Антониа за тоа кои се правилните македонски изрази:
- Како на македонски се вика слатко во тегла? – ја праша Огнен Антониа, а таа брзо одговори:
- Компот...
Иако во емисијата стоеше цврсто до одговорот, очигледно Антониа малку подоцна ја согледала малата грешка, па на Инстаграм Стори и самата објави фотографија до која напиша:
„Добро најјака бев со слатко во тегла - компот“.
Погледнете го видеото:
Б. С. Б. | Црнобело