Џеј Ло сама разгледува куќи, по мизерните фотки со Бен и гласините дека ќе се разведуваат (фото)
- Детали
- четврток, 16 мај 2024
Изминативе ден-два, Џеј Ло двапати беше излезена сама, а во една пригода разгледуваше и куќи, додека извор тврди дека бракот со Бен е во криза и тој веќе се иселил од дома. А, на последните фотки со Бен, и двајцата изгледаат мизерно.
Гласините дека се ближи крајот на бракот на Бен Афлек и Џеј Ло не стивнуваат, а новите папарацо фотки од пејачката дополнително ги разгореа.
Џеј Ло беше сама на Мет галата, а последен пат беа фотографирани заедно пред повеќе од седум недели.
А, на фотките, иако се држат за рака, и двајцата изгледаат мизерно.
Деновиве, пак, Џеј Ло двапати беше фотографирана сама.
За споредба од фотките со Бен, пејачката има широка насмевка на лицето.
Вчера (15.05), таа беше „уловена“ додека разгледува куќи на Беверли Хилс, повторно сама и со широка насмевка.
Според извор близок до парот, бракот на актерот и пејачката е во криза. Изворот тврди и дека Бен се иселил од нивниот заеднички дом.
„Јасно е дека на нивниот брак му дојде крајот. Најверојатно ќе се разведат и Бен не е виновникот!“
Наводно, причината за разводот е тоа што Џеј Ло сакала да го контролира актерот.
„Бен се фокусира на работата и неговите деца. Веќе се исели и најверојатно ќе треба да ја продадат заедничката куќа.
Бен и Џеј Ло никогаш нема да престанат да се сакаат, но таа не може да го контролира, а тој не може да ја промени. Нема шанси нивниот брак да ќе издржи.
Бен никогаш нема да ги задуши соништата на Џеј Ло или да ѝ забрани да прави нешто што ќе ѝ ја подобри кариерата. Но, и покрај тоа, таа сака да го контролира“.
Дури и фановите шпекулираат дека нешто не е во ред бидејќи забележале дека на повеќето важни настани, ако Мет галата, Бен и Џеј Ло одат сами и повеќе од еден месец не се појавиле заедно во јавност.
Изминативе неколку месеци се појавија и неколку видеа на кои парот не изгледа најсреќно кога е заедно – на едно Бен силно ја треска вратата од автомобилот откако Џеј Ло влегува внатре, а на друго се гледа како жестоко се расправат.
Парот се нема огласено за шпекулациите.
Спирова С. | Црнобело