Сара Јо стана хит меме со реакцијата кога Констракта ѝ ја зема победата - сега се огласи на Инстаграм
- Детали
- вторник, 08 март 2022
„Колку си сирота“, е еден од твитовите. Сара Јо е хит меме на Твитер со разочараната фаца по победата на Констракта, но таа и покрај сè испрати моќна порака до победничката: „Констракта честитки, продолжи да нè инспирираш и да нè потсетуваш колку е убаво да бидеш бескомпримисно свој.“
Сара Јо со песната „Мушкарчина“ важеше за фаворит на српскиот избор на песна за Евровизија 2022, но победата ја понесе Констракта со песната In corpore sano, а Сара заврши на второ место.
Во мигот на прогласување Сара на момент направи разочарана фаца, која стана хит меме на Твитер.
Дел од коментарите на твитерџиите:
#PZE22 #sarajo hahahahahaahahahahahahahahha #caosvima pic.twitter.com/56RAGelDrG
— ae reko stae (@iskotiraj) March 6, 2022
Ali Konstrakta koja se frapirala i izgubila u vremenu i prostoru, i u fazonu je "au jebote sta uradih"
I onda Sara koja nam u glavi svima baca kletve, doduse tesko jace nego SHUM prosle godine.#pze2022 #Eurovision #Beovizija #konstrakta #sarajo pic.twitter.com/DSRXzH4vLT-->-->— Dimitrije (@yzodix) March 6, 2022
Kolko si jadna osobo #sarajo #konstrakta https://t.co/HPksQZt4l1
— Чода Бикарбона (@triprekocetiri) March 6, 2022
https://twitter.com/josipandic98/status/1500383388955467777
ista hahaha #PZE22 #sarajo pic.twitter.com/lfcA6Lg3z2
— trisa takanava (@rhuzice) March 4, 2022
Samo je falilo da izvadi bičeve pa da krene akcija. 🤣 #SaraJo #PZE22
— 🐺 Mister M. 🐺 (@bose_wolf) March 4, 2022
Но, и покрај сите реакции Сара Јо се огласи на својот Инстаграм профил и ѝ честиташе на победата на Констракта.
Нејзината објава:
„Веќе два дена како се обидувам да ги соберам впечатоците бидејќи со недели сум преплавена од емоции. Ja пишувам и ја бришам оваа објава по кој знае кој пат затоа што сакам веродостојно да ви ги пренесам моите емоции.
Кој ме познава, ќе претпостави за што станува збор – јас ништо не можам да одработам „ради реда“, особено кога нешто е значајно за мене, а мене и тоа како ми е значајно да знаете колку ми значевте во изминатиот период и колку секоја порака имаше смисла и допираше до мене.
Ниту во најлудите соништа не можев да замислам таков фидбек. Ме поттикнавте. Ме инспириравте и ме исполнивте од самото изглегување на песната. Се почувствував сакано и прифатено како никогаш досега.
Но, како што тие реакции ми дадоа ветер во грб, морам да признаам дека малку и ме исплашија. Цело време беше присутен неверојатен притисок, како и голема одговорност да ги оправдам очекувањата – вашите, своите, на соработниците, пријателите, семејството...
Имав чувство како сè на што сум работела сега е сведено на 3-минутен настап. Со самото тоа подготовките беа вистински ролеркостер – балансирање помеѓу желбите и можностите, испливување на површина на несигурноста, водење на разни битки сама со себе...
А, вие навистина во сето тоа игравте клучна улога (а за тоа веројатно не сте ни свесни). И затоа сакам посебно да го истакнам значењето на вашата љубов изминатите месец дена која беше многу повеќе од поддршка во текот на ова натпреварување.
Нормално дека ми е жал што ја пропуштив шансата оваа година да ја претставувам својата земја и тоа во мојата сакана Италија, но од оваа перспектива, единствен вистински пораз би бил тој мојата замисла да не ја истерам до крај, а ова поглавје го затворам како едно од највредните искуства досега, со настап на кој и тоа како сум горда и со потврда дека сцената е единственото место каде се чувствувам своја на своето. А тоа што ми го пруживте вие, никако нема да го заборавам!
Исто така, најсикрени честитки на магичната Констракта, која не беше синоним за автентничност само на натпреварувањето за песна за Евровизија, туку и во текот на целата своја кариера. Продолжи да нè инспирираш и да нè потсетуваш колку е убаво да бидеш бескомпримисно свој.
Нејзиниот настап на Беовизија:
Прочитајте и Хит твитови за српската претставничка на Евровизија: „Цел ден се прашувам која е тајната за здрава коса на Меган Маркл“
С. С. | Црнобело