Сара Јо никогаш попровокативна – во секси аутфит позира со торта со цреши за 31-иот роденден (фото)
- Детали
- среда, 30 октомври 2024
„Една година постара... и поруса“ – напиша српската пејачка Сара Јо, која облечена во бел фустан искомбиниран со високи, секси чорапи со чипка, позира со роденденска торта додека провокативно јаде од шлагот и црешите.
Српската пејачка Сара Јо на 29 октомври наполни 31 година, а по повод роденденот, на Инстаграм објави секси фотосесија.
На фотките таа на себе носи минималистички бел фустан со високи секси чорапи со чипка и провокативно позира додека јаде од шлагот на тортата и црешите.
Со овие фотки таа го промовираше и новиот имиџ откако од бринета стана блондинка, а во описот напиша: „Една година постара... и поруса“.
Вечерта таа го одбележа роденденот со мала прослава со најблиските пријатели, меѓу кои беше нејзината пријателка Дуња Јованиќ и актерот Андрија Милошевиќ, кој ѝ донесе торта.
За роденденската забава таа беше облечена во бордо комбинација со одело, а на видеата на Инстаграм Стори изгледа како вистински да ужива со саканите покрај себе.
Погледнете повеќе фотки од роденденската фотосесија:
M. M. | Црнобело