Ексцентричната Констракта со „In corpore sano“ ќе ја преставува Србија на Евровизија - контроверзен или совршен избор?
- Детали
- недела, 06 март 2022
„Таа е главна тема на социјалните мрежи и доказ дека победува оригиналноста, а не популарноста“, велат твитерџиите – се согласувате ли? Како ви се допадна победничката песна на српскиот избор за песна на Евровизија?
Вчера (05.03), по две полуфинални вечери, се одржа финалето на српскиот избор за песна на Евровизија, на кој настапи и нашата Тијана Дапчевиќ, а учествуваа вкупно 18 финалисти.
Победата ѝ припадна на Констракта, односно Ана Џуриќ родена 1978 година во Белград. Српската ексцентрична уметница ќе ја претставува својата татковина на Евровизија во Торино, Италија во мај. Констракта е мајка на две деца и архитект.
Нејзината песна „In corpore sano“ стана хит на социјалните мрежи и број 1 во трендинг на Јутуб во Србија за кусо време, иако на почетокот се сметаше за аутсајдер.
Таа беше изгласана со гласови од жирито и публиката. На второ место заврши Сара Јо со песната „Мушкарчина“.
Изборот беше совршено организиран, со одлични водители, концепт, раскошна сцена, специјални ефекти, евровизиски стил на гласање и што уште не. Многумина велат дека Србија успеа да си организира вистинска Евровизија во својата земја.
Песната на Констракта говори за начинот на живот на слободните уметници и поддршка за нив, за тоа како креираат и создаваат, а немаат здравствено осигирување. Целта на песната е да го фокусира вниманието на тоа.
Констракта не ја очекуваше победата и ја прифати збунета и со солзи во очите.
На српските медиуми се пишува дека песната е инспирирана и од член на нејзиниот поранешен бенд. Гитаристот починал од леукемија, наводно без здравствено осигирување, и сега неговото семејство се бори за да преживее.
Текстот на победничката песна започнува на специфичен начин со стихот „Која ли е тајната на здравата коса на Меган Маркл“, а целиот можете да го прочитате ТУКА.
Дел од коментарите на твитерџиите:
?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1500262086055763972%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fjetset%2Fvesti-jetset%2F3467255-konstrakta-je-glavna-tema-na-drustvenim-mrezama-ona-je-dokaz-da-pobedjuje-originalnost-a-ne-populatnost
Српската претставничка на Евровизија:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





