Тијана Дапчевиќ влезе во финалето за евровизиски претставник на Србија - Тамара во Белград како поддршка (фото+видео)
- Детали
- сабота, 05 март 2022
Браво! Тијана Дапчевиќ влезе во финалистите на српскиот избор за песна на Евровизија. Тамара Тодевска како поддршка во Белград до неа. Дали сестрите повторно ќе имаат можност заедно да појдат на Евровизија?
Тијана Дапчевиќ учествуваше во трката за српски претставник на Евровизија со песната „Љуби, љуби довека“ и успеа да се пласира во финалето.
Во црвен костим и со моќна вокална изведба, таа како и секогаш издоминира на сцената.
Во Белград е и нејзината сестра Тамара Тодевска, која во текот на целиот натпревар беше крај Тијана и ѝ беше најголема поддршка. Taa се дружеше и со колегите од естрадата, па објави фотографии со Бајага, Сара Јо, Алка Вуица и низа други.
Во слободно време пак Тамара се дружеше со внукот Вук.
Дали сестрите повторно ќе имаат можност да појдат заедно на Евровизија останува да видиме.
Фотографии од настанот:
Изведбите на учесниците, настапот на Тијана е од 5:01 минута:
Од другите учесници со песната, но и со специфичниот стајлинг се истакна српската пејачка Сара Јо:
Листа на финалисти:
фото: Извор
С. С. | Црнобело