Кара Делевињ отворено за сопствената сексуалност: „На мажите им недостига соодветен алат за да задоволат жена“
- Детали
- понеделник, 05 декември 2022
„Зошто само 65 отсто од жените доживуваат оргазам во хетеросексуалните врски?“ - во нејзиниот најнов документарен филм Planet Sex, Кара Делевињ го поставува ова прашање и се обидува да најде одговор, а тврди дека според неа на мажите им недостасува соодветен „алат“.
Манекенката и актерка Кара Делевињ (30) деновиве е актуелна заради нејзиниот серијал документарни филмови Planet Sex, каде разговара со голем број научници и активисти за сексуалноста.
Во првата епизода таа ја истражува поделбата меѓу оргазмите кај мажите и жените и тврди дека дури 95 отсто мажите во хетеросексуалните врски доживуваат оргазам, а само 65 отсто од жените успеваат да стигнат до врвот.
„Чувствувам дека во главно мажите го немаат соодветниот „алат“ за да задоволат жена, особено во сексуална смисла. За мене најраните идеи што ги научив за сексот беа дека ’мажот плус жената, пенисот плус вагината резултираат со оргазам‘.
Не сакам да навлегувам во уметноста за тоа што треба да се направи за една жена да доживее оргазам, но е многу покомплицирано и позабавно“ – вели таа.
Инаку, Кара себеси се дефинира како бисексуалка, па дури и призна дека сè уште се бори со тоа да зборува отворено за сопствената сексуална определба, а накратко се осврна и на тоа.
Вели дека во младоста се срамела од сопствените сексуални потреби и дека заради тоа никогаш не била дел од ЛГБТ заедницата.
„Во моментов се трудам да ја спознаам сопствената сексуалност. Можеби знаете или не, јас сум била во врска и со мажи и со жени, но сè уште се борам со тоа како да бидам отворена и да признаам колку многу ми се допаѓаат жени. Додека растев се срамев и размислував дека не е нормално и не е човечки“ – вели таа.
Инаку, во последните неколку месеци Кара често беше во фокусот на вниманието заради бизарните изданија и постапки, заради што голем број нејзини обожаватели беа загрижени за нејзиното здравје.
Таа неодамна рече дека работата врз новите документарни филмови во целост ѝ го променила животот и дека никогаш не била посреќна во животот од сега.
Таа посочи дека заради хомофобијата и стравот од сопствената сексуалност во еден период имала суицидни мисли и се надева дека овој филм ќе им помогне на луѓето што се борат со слични проблеми.
Погледнете еден извадок од нејзиниот документарен филм:
Cara gets very personal... FOR SCIENCE!#PlanetSex with @CaraDelevingne, 10pm tonight on BBC Three or watch the series on @BBCiPlayer 👉 https://t.co/eF6lk7OP17 pic.twitter.com/qMwI3Mbgr1
— BBC Three (@bbcthree) December 1, 2022
Б. С. Б. | Црнобело