Кара Делевињ е непрепознатлива - фановите загрижени поради нејзиното скандалозно однесување (фото)
- Детали
- петок, 02 септември 2022
По папарацо фотките на кои Кара Делевињ пуши нешто од луле и си става капки во устата, фановите почнаа да се загрижуваат дека можеби има сериозен проблем со зависност.
Изминатиов период се појавија многу папарацо-фотки од моделот Кара Делевињ кои почнаа да ги загрижуваат фановите. Најновите фотографии, пак, покажуваат дека можеби 30-годишниот модел има сериозен проблем со зависност, исто како нејзината мајка.
Оваа седмица Кара беше забележана во Холивуд во нејзиниот автомобил, пред продавница за секс играчки.
Во автомобилот, моделот изгледа како да пуши нешто од луле, а потоа во устата си стави неколку капки непозната супстанција.
На крај запали и цигара.
Според Daily Mail, Кара седела во автомобилот околу 30 минути и долг период си го допирала лицето.
Потоа си ја промени облеката, па влезе во продавницата за секс играчки, каде што наводно поминала уште 30-тина минути.
Ова е само еден пример од бизарното однесување на Кара што почнува да ги загрижува фановите.
Минатиот месец, таа го прослави 30-тиот роденден на јахта, а и на фотографиите од забавата изгледа чудно.
Претходно, моделот се соочи со многу критики за нејзиното однесување на Billboard Music Awards во Лас Вегас.
Додека Меган Ти Сталион позираше за фотографите, Кара ѝ упадна во кадар и почна да ѝ го допира фустанот.
Во јули, Кара беше фотографирана во ресторан за брза храна каде што повторно се однесуваше чудно.
Одамна постојат гласини дека Кара користи разни наркотици и многумина сметаат дека веќе зависноста има сериозни последици.
Некои веруваат и дека Кара има проблеми со менталното здравје.
Зависноста од дрога не е непозната тема за Кара – нејзината мајка, Пандора Делевињ, со децении се справува со зависност од хероин.
Исто така, мајка ѝ има биполарно нарушување, а сето ова сигурно имало влијание врз Кара.
Поради зависноста од хероин, мајката на Кара имала и многу проблеми со физичкото здравје.
Спирова С. | Црнобело