Ким Кардашијан покажа како изгледал исцрпувачкиот тренинг со кои ослабе 10 kg за 3 недели: „Како да се подготвувам за улога“
- Детали
- петок, 11 ноември 2022
Што сѐ сте подготвени да направите за да облечете некој фустан? Ким Кардашијан покажа како изгледале 3-те недели пред Мет Галата што буквално ги поминала на лентата за трчање и во одело за сауна со цел да загуби 10 килограми. Вели дека се чувствувала како вистински актер.
Неколку месеци откако Ким Кардашијан (42) се појави на Мет Гала облечена во скандалозниот фустан на Мерилин Монро, во последната епизода на шоуто The Kardashians публиката имаше можност да види како ријалити ѕвездата успеала да загуби околу 10-тина килограми за 2 месеци.
По појавувањето на црвениот тепих на Мет Галата во скандалозниот фустан на најпознатата русокоса во светот, Ким Кардашијан веднаш појасни дека морала да ослаби 10-тина килограми за да може да го облече, што предизвика голем број критики кај јавноста дека ги поттикнува жените на нездрави диети и на нездрав начин на исхрана.
Во изминатиот период таа редовно споделува видеа од ласерските третмани што ги прави со кои ја одржува витката линија
Откако повеќе наврати јавно зборуваше за тоа што направила за на здрав начин да ослаби пред Мет галата, во најновата епизода на реалното шоу публиката имаше можност да види како изгледа оделото за слабеење што го носела.
Таа последните 3 недели пред Мет Гала ги поминала во постојано вежбање во теретана и препотување.
Ким покажа како изгледал нејзиниот пат до моментот да го облече скандалозниот фустан и како наместо да се откаже од целата идеја, како што очекуваат сите останати околу неа, таа не се откажува и е упорна во остварувањето на сопствената цел.
„Значи веќе може да ме собере во фустанот, но нема да престанам да вежбам. Го имам ова одело за слабеење и кога го носиш тоа прави да се потиш. Иако губам само тежина заради загубата на течности, тоа ми помага“ – вели таа во епизодата.
Додека публиката има можност да ги следи нејзините исцрпувачки тренинзи до последниот ден и максималните напори што ги вложува за да ослаби, Ким вели:
„Ова изгледа исцрпувачки, но како да се подготвувам за филмска улога, знаете? Како актерка што губи килограми и се здебелува за да добие улога. Се чувствувам како да ја играм Мерилин Монро.“
Во епизодата можеме да видиме дека актерката последниот ден пред Мет Галата го поминала во фарбање на косата, а вели дека по долгиот третман чувствувала дека косата во целост ќе ѝ отпадне.
Прочитајте и Ким Кардашијан за екстремната диета: „Добив псоријаза по целото тело, не можев да ги мрдам рацете, но ќе направам сѐ за да бидам убава“
Б. С. Б. | Црнобело