Ким Кардашијан е опседната со слабеење по диетата што ѝ го влоши здравјето: „Правам болни ласерски третмани, но вреди“
- Детали
- недела, 07 август 2022
И покрај тоа што ослабе речиси 10 килограми за многу краток период, само за да може да го носи фустанот на Мерилин Монро, се чини дека Ким Кардашијан уште не е задоволна од изгледот, па покрај екстремната диета која ѝ го влоши здравјето, ријалити ѕвездата користи и болни третмани за израмнување на стомакот.
Ким Кардашијан уште еднаш ја разбранува јавноста со нејзините третмани за слабеење, а многумина коментираат дека ријалити ѕвездата дефинитивно пати за внимание, но и поставува особено лош пример за нејзините обожаватели.
Покрај строгата диета за која Ким самата откри дека ѝ ја влошила псоријазата, па дури и не можела да ги мрда рацете, сега ријалити ѕвездата сподели дека користи и ласерски третмани за израмнување на стомакот.
Со неколку фотки на Инстаграм Стори, Ким откри дека го израмнила стомакот со болен ласерски третман.
„Мислам дека ова ми е омилениот ласер. Боли но вреди“, пишува на една од објавите.
Според Page Six, овој третман се изведува со мали игли кои го прободуваат горниот слој од кожата, а потоа со ласер емитуваат одредена фреквенција во подлабоките слоеви од кожата.
Наводно, ласерот го поттикнува производството на колаген и еластин и ги намалува масните наслаги во третираната област.
Ким не открива колку пари потрошила за третманот, но според некои извори просечната цена е околу 1.850 долари. А, за да се забележат видливи резултати, потребни биле три до пет третмани.
Претходно Ким се пофали и дека имала толку ниско ниво на масти во телото, што била „атлетски градена“, но и дека имала многу цврсти коски. А, токму ова ја натера јавноста да почне да се шегува за нејзината желба за внимание.
Дел од коментарите на социјалните мрежи:
„Фалењето за густината на коските е нешто што не го очекував дури ни од Ким“.
„Сега треба да имаме проблеми со самодовербата и поради нашите коски?“
„Ким постојано се натпреварува со целиот свет“.
„Веројатно ова ѝ е начин да се справи со стареењето и веќе губи допир со реалноста“.
„Ова е веќе тажно“.
Иако изгледа дека Ким навистина трага по совршенство, самата тврди дека тоа не е точно и дека всушснот се фокусира на нејзиното здравје:
„Како што стареам не значи дека барам совршенство. Но, во еден момент ќе помислите дека вашето здравје е поважно од што било“.
Погледнете и: Ким Кардашијан за екстремната диета: „Добив псоријаза по целото тело, не можев да ги мрдам рацете, но ќе направам сѐ за да бидам убава“
Спирова С. | Црнобело