Ник Картер од Backstreet Boys не можеше да ги скрие солзите по смртта на брат му: „Зависностите и менталната болест го уништија“ (видео)

„Јас и брат ми имавме комплициран однос. Секогаш се надевав дека некако, еден ден тој ќе се обиде да почне да води здрав живот и ќе ја побара помошта што му беше потребна“ – Ник Картер од Backstreet Boys не можеше да ги скрие солзите по веста за смртта на брат му Арон.

nik-karter-od-backstreet-boys-ne-mozheshe-da-gi-skrie-solzite-po-smrtta-na-brat-mu-zavisnostite-i-mentalnata-bolest-go-unishtija-01.jpg

Ник Картер (42) настапуваше во Лондон со неговиот бенд Backstreet Boys, но не успеа да ги задржи емоциите по вестите за смртта на неговиот помал брат Арон Картер (34), кој во саботата (05.11) беше најден мртов во када во неговиот дом во Калифорнија.

nik-karter-od-backstreet-boys-ne-mozheshe-da-gi-skrie-solzite-po-smrtta-na-brat-mu-zavisnostite-i-mentalnata-bolest-go-unishtija-02.jpg

За време на изведбата на песната Show Me The Meaning of Being Lonely, Ник почна да плаче на сцената и не можеше да ја заврши изведбата, додека другите членови од бендот веднаш почнаа да го прегрнуваат и да го тешат.

За време на настапот членовите од бендот му оддадоа почит на Арон кој уште на 9-годишна возраст почна да настапува заедно со нив, а како што рекоа, скршени се од болка затоа што загубиле член на семејството.

nik-karter-od-backstreet-boys-ne-mozheshe-da-gi-skrie-solzite-po-smrtta-na-brat-mu-zavisnostite-i-mentalnata-bolest-go-unishtija-05.jpg

Само неколку часа пред настапот, Ник сподели повеќе заеднички фотографии од него и од брат му до кои напиша:

„Срцето ми е скршено. Иако јас и брат ми имавме комплициран однос, мојата љубов за него никогаш не избледе.

Секогаш се надевав дека некако, еден ден тој ќе се обиде да почне да води здрав живот и ќе ја побара помошта што му беше потребна.

Понекогаш сакаме да обвиниме некого или нешто за загубата, но вистината е дека зависностите и менталната болест се вистинските непријатели.

Никој не може да замисли колку ќе ми недостасува брат ми. Те сакам Чиз, сега ќе имаш можност конечно да го најдеш мирот што не можеше да го најдеш на Земјата... Боже, те молам, грижи се за моето братче“ – напиша тој.

Инаку, Арон Картер беше најден мртов во када во неговиот дом во Калифорнија. Според првичните информации тој бил најден од страна на куќната помошничка, а се смета дека се удавил во кадата.

Засега не се соопштуваат причините за смртта, како и детали за тоа дали постојат траги на насилна смрт.

nik-karter-od-backstreet-boys-ne-mozheshe-da-gi-skrie-solzite-po-smrtta-na-brat-mu-zavisnostite-i-mentalnata-bolest-go-unishtija-08.jpg

Арон во ноември минатата година го доби синот Принц од врската со свршеницата Мелани Мартин.

Прочитајте и Се заколна дека ќе го врати старателството над синот, но не успеа - Братот на Ник Картер од Backstreet Boys пронајден мртов

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
„Знаев дека ќе умре, се подготвував за тој ден“: Сестрата на Ник Картер од Backstreet Boys за смртта... Од пет браќа и сестри во семејството Картер, денес се живи само двајца – Ник Кар...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Првата сопруга на Принц: Ја посвои на 16 години, на 19 ѝ ја одзеде невиноста, смртта на синот им го ... Кога првата сопруга на Принц имала 16 години, тој станал нејзин законски старате...
Бредли Купер со бизарно признание: „Се шетам гол пред ќерка ми Леа (6) - и татко ми правеше така“ „Во мојата спална соба, кадата, тоалетот и креветот се во истата просторија. Нем...
Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg