„Знаев дека ќе умре, се подготвував за тој ден“: Сестрата на Ник Картер од Backstreet Boys за смртта на брат им Арон

Од пет браќа и сестри во семејството Картер, денес се живи само двајца – Ник Картер од Backstreet Boys и сестра му Ејнџел. Таа е всушснот сестра близначка на Арон Картер, а сега вели дека уште во 20-тите години од животот психички се подготвувала за неговата смрт.

sestrata-na-nik-karter-od-backstreet-boys-za-smrtta-na-brat-im-aron-znaev-deka-kje-umre-se-podgotvuvav-za-toj-den-01.jpg

Ник Картер од Backstreet Boys има четири браќа и сестри. Но, од петте деца, дури три го изгубија животот.

Сестра му Боби Џин почина во 2023 година, сестра му Лесли почина во 2015-та, додека Арон Картер почина во 2022 година. И, секоја трагедија била поврзана со користење дрога.

sestrata-na-nik-karter-od-backstreet-boys-za-smrtta-na-brat-im-aron-znaev-deka-kje-umre-se-podgotvuvav-za-toj-den-09.jpg

Смртта на Арон Картер привлече внимание во јавноста бидејќи младиот пејач и самиот беше познат, а имаше едвај 34 години на денот кога беше пронајден мртов.

Сега, неговата сестра близначка Ејнџел вели дека со години се подготвувала за неговата смрт.

sestrata-na-nik-karter-od-backstreet-boys-za-smrtta-na-brat-im-aron-znaev-deka-kje-umre-se-podgotvuvav-za-toj-den-04.jpg

Таа зборуваше и за смртта на сестра ѝ Лесли која почина во 2015-та од предозирање.

„Смртта на Лесли, која почина кога имав 23 години, ме начека целосно неподготвена. Не очекував дека ќе се случи нешто такво.

Откако почина, веќе почнав да одам на психијатар и да се подготвувам за смртта на Арон. Мислев дека ќе умре. Целите 20-ти години од мојот живот се плашев од тоа.

Знаев дека тој ден ќе дојде, но знам дека и тој беше свесен за истото“.

sestrata-na-nik-karter-od-backstreet-boys-za-smrtta-na-brat-im-aron-znaev-deka-kje-umre-se-podgotvuvav-za-toj-den-05.jpg

Ејнџел вели дека со години се обидувала да му помогне да се справи со зависноста, но тој секогаш ја оттурнувал од себе.

Таа се присетува и на ситуација од 2019 година, кога младиот пејач имал епизода на психоза, откако бил дијагностициран со шизофренија и биполарно нарушување.

Имено, Арон ѝ кажал дека „сака да убива деца“ и дека почнал да собира оружје.

Ејнџел веднаш му кажала на брат им Ник, по што на Арон присилно му било одземено оружјето.

„Морав да го заштитам од самиот себе“.

sestrata-na-nik-karter-od-backstreet-boys-za-smrtta-na-brat-im-aron-znaev-deka-kje-umre-se-podgotvuvav-za-toj-den-08.jpg

Таа вели и дека брат ѝ бил искористуван од музичката индустрија уште од 9-годишна возраст, и всушност тоа водело до неговата пропаст.

„Не можев да го спасам. Знаев дека не беше моја должност да го спасам, но навистина пробував“.

sestrata-na-nik-karter-od-backstreet-boys-za-smrtta-na-brat-im-aron-znaev-deka-kje-umre-se-podgotvuvav-za-toj-den-03.jpg

Ејнџел додава дека Арон во голема мера го издржувал целото семејство, но самиот мислел дека неговата слава била главната причина за семејните проблеми, вклучувајќи го и разводот на неговите родители.

„Беше убеден дека неговиот успех го уништи семејството“.

sestrata-na-nik-karter-od-backstreet-boys-za-smrtta-na-brat-im-aron-znaev-deka-kje-umre-se-podgotvuvav-za-toj-den-06.jpg

Арон почнал да користи марихуана на само 12-годишна возраст, но подоцна се префрлил и на потешки дроги, и тоа по разводот на родителите.

„Експериментираше со екстази и што уште не… Многу доцна открив дека продолжил да користи дрога и во неговите 20-ти години“.

sestrata-na-nik-karter-od-backstreet-boys-za-smrtta-na-brat-im-aron-znaev-deka-kje-umre-se-podgotvuvav-za-toj-den-02.jpg

Пред смртта во 2022 година, Арон многупати одеше на рехабилитација, но безуспешно.

Беше пронајден мртов во када откако се лизнал и паднал.

Неговата смрт беше опишана како несреќен случај, но се покажа дека бил под дејство на неколку разни супстанци.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg