Кети Пери се огласи за бизарното видео од настап – затвореното око било дел од кореографијата, јавноста ја обвини дека лаже

Со објава на Инстаграм, Кети Пери откри дека затвореното око било дел од настапот, но според коментарите, многумина не ѝ веруваат и сметаат дека теориите на заговор сепак се вистина.

keti-peri-se-oglasi-za-bizarnoto-video-od-nastap-zatvorenoto-oko-bilo-del-od-koreografijata-del-od-javnosta-smeta-deka-lazhe-01.jpg

Кети Пери се огласи за видеото од нејзиниот настап во Лас Вегас што разгоре бројни теории на заговор дека некој ја контролира, па дури и дека е клон.

Иако повеќето ги кажуваа овие работи на шега, беше јасно дека голем дел од коментарите се сериозни.

keti-peri-se-oglasi-za-bizarnoto-video-od-nastap-zatvorenoto-oko-bilo-del-od-koreografijata-del-od-javnosta-smeta-deka-lazhe-05.jpg

38-годишната пејачка и самата сподели видео од настапот на нејзиниот Инстаграм профил, објаснувајќи дека станува збор за трик кој бил дел од кореографијата. Пејачката вели дека целта ѝ била да изгледа како „скршена кукла“.

„Дојдете да го видите мојот трик со скршена кукла во живо во Вегас следната година“, пишува во описот.

Потоа пејачката вели дека шоуто е забава за наоѓање безусловна љубов и нема никаква врска со политика.

Фановите ја искористија можноста повторно да се пошегуваат за теориите на заговор во коментари:

„Значи сакаш да ми кажеш дека не си робот, кукла или дел од Илуминати?“

„Ова е нешто што би го кажал клон“.

„Мислам дека ова докажува дека си робот“.

keti-peri-se-oglasi-za-bizarnoto-video-od-nastap-zatvorenoto-oko-bilo-del-od-koreografijata-del-od-javnosta-smeta-deka-lazhe-04.jpg

Но, некои си стојат на своето и сметаат дека Кети Пери лаже:

„Дали користеше некаква дрога пред да го напишеш ова?“

„Клон, робот или последици од електрошокови. Повеќето од вас не сакате да ја прифатите вистината“.

„Се обидува да се одбрани и да нè натера да заборавиме. Нема да функционира“.

keti-peri-se-oglasi-za-bizarnoto-video-od-nastap-zatvorenoto-oko-bilo-del-od-koreografijata-del-od-javnosta-smeta-deka-lazhe-02.jpg

„Ми се чини дека оваа објава е само за да ни го одвлече вниманието“.

„Обиди се повторно да нè убедиш. Знаеме што видовме“.

Прочитајте повеќе: Кети Пери ги разгоре теориите на заговор дека е клон - не може да си го отвори окото на настап: „Некој нека ја рестартира“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Вирална фотка од Орландо Блум како зјапа во задникот на Ким Кардашијан – свршеницата стои до него, н... На вирална фотка од гала свеченост, се гледа како Орландо Блум зјапа во задникот...
Линдзи Лохан – 10: Славни личности со најмногу апсења Винона Рајдер била уапсена петпати во една година, додека таткото на Чарли Шин б...
Најомразениот холивудски актер: Две негови девојки си го одзеле животот, бил ужасна личност Поради неговото однесување никој не му отишол на погреб и никој не сакал да ги к...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg