Кети Пери ги разгоре теориите на заговор дека е клон - не може да си го отвори окото на настап: „Некој нека ја рестартира“
- Детали
- среда, 26 октомври 2022
„Клонот се расипа. Следниот пат направете надградба на софтверот“, е еден од бројните коментари за Кети Пери која не можеше да си го отвори едното око на настап во Лас Вегас.
Кети Пери имаше мала и по малку комична незгода за време на настап во Лас Вегас, а фановите веднаш ја искористија можноста да се пошегуваат на нејзина сметка, но и да ги спомнат теориите на заговор дека таа е клон, робот и што уште не.
Во понеделникот, 24-ти октомври, Кети Пери имаше настап во Лас Вегас, кога во еден миг ѝ се затовори окото и не можеше да го отвори.
Некој од публиката го уловил моментот, па сега има и видео споделено на ТикТок.
На видеото се гледа пејачката, која носи необичен фустан украсен со лименки и стои со рацете на половината, додека едното око ѝ е целосно затворено.
Пејачката прво си го допира лицето и окото ѝ се отвора, но потоа ѝ се затвора уште еднаш и на крај сепак успева да го отвори.
Потоа само го извади микрофонот од фустанот и продолжи со концертот.
@katyperrytv KATYYYYY!#PLAY? ♬ sonido original - Katy Perry TV
Додека е очигледно дека најверојатно станува збор за проблем со лепилото за вештачките трепки или можеби таканаречено мрзливо око, фановите ја искористија можноста да се пошегуваат дека Кети Пери е всушност робот.
„Веројатно ја симнувала песната од интернет. Роботот имал глич“.
„Механичка грешка – дури и си го притисна копчето на лицето за да го отвори окото“.
„Клонот се расипа. Следниот пат направете надградба на софтверот“, се дел од коментарите на ТикТок.
Некои, пак, се чини дека се сериозни со теориите на заговор:
„Смешно е што без разлика што сè е пред вашите очи, уште не верувате!“
„Вистинската Кети Пери се обидува да се ослободи од MK Ultra (експеримент на ЦИА за контролирање на луѓето)“.
„Ова е симбол на Илуминатите“.
„Дефинитивно е клон“.
Нормално, и твитерџиите се пошегуваа за незгодата на пејачката:
„Иста енергија“.
Same energy#KatyPerry #KATYPERRYPLAY pic.twitter.com/z7GlGuTx5M
— palentino 🌾🌈❣️ (@palentino) October 25, 2022
„Некој нека ја рестартира“.
https://twitter.com/JimmyRamport/status/1584609530666967040
„Изгледа дека Кети Пери е робот“.
https://twitter.com/allegedlyashow/status/1584861501122260992
Помеѓу шегите, има и фанови кои се загрижени за здравјето на пејачката и коментираат дека се надеваат дека таа е во ред.
Пејачката, пак, претходно има откриено дека има таканаречено мрзливо око, поради што десното око некогаш ѝ се затвора или не ѝ се отвора целосно.
Додека беше дел од жирито на American Idol, пејачката му рече на едниот од натпреварувачите да не се грижи за неговото мрзливо око, бидејќи и таа го има истото нарушување.
„И јас имам мрзливо око и многу се грижев за тоа. Но, потоа дознав дека фановите го сакаат. Проблемот ми е во десното око. Не се грижи за тоа“.
Во 2011-та, пак, пејачката откри дека примала и терапија бидејќи забележала дека окото премногу ѝ се затвора кога се фотографира.
Спирова С. | Црнобело