Со плодова течност и „збрчкано“: Кадар одблиску од штотуку роденото бебенце на Алек и Хиларија Болдвин, 7-мо по ред
- Детали
- понеделник, 26 септември 2022
Малата Иларија Болдвин сѐ уште беше прекриена во плодова вода, кога ѝ беше направено првото видео, на кое е снимен нејзиниот прв плач. Парот ги сподели првите видео снимки од најновиот член на нивното семејство, што го добија по два спонтани абортуси.
Алек (64) и Хиларија (38) Болдвин го добија седмото дете. Во саботата Хиларија на Инстаграм сподели видео со ќерката Иларија Каталина Ирена, во кое се гледа штотуку роденото бебе, прекриено со плодова вода и со набрани рачиња.
„Таа е овде. Премногу сме возбудени за да ви соопштиме дека ни се оствари сонот. Нејзините браќа и сестри го поминуваат денот заедно со неа и ѝ посакаа ‘добредојде’ во домот“ – напиша Хиларија до видеото.
Во видеото се гледаат видео снимки од малото бебе кое сѐ уште е прекриено со плодова вода, но и фотографии од неговите браќа и сестри кои со нетрпение очекувале да го видат сестричето.
Инаку, Хиларија се породи во четвртокот (22.09.), а бебето Иларија е родено со тежина од 3kg.
Хиларија и Алек заедно имаат уште шест деца: Кармен Габриела (8), Рафаел Томас (7), Леонардо Анхел (5), Ромео Алехандро Давид (4), Едуардо Еду Пао Лукас (2), Марија Лучиа Викторија (18 месеци).
Алек, исто така, од бракот со Ким Бесинџер ја има и 26 годишната ќерка Ирланд Болдвин.
Инаку, Хиларија, која во 2019-та година имаше два спонтани абортуси, претходно рече дека повеќе не сака да остане бремена, па така шестото дете го добија со помош на сурогат мајка.
Додека нејзиниот сопруг беше погоден со скандалот заради трагичната смрт на кинематографка Алина Хачинс која загина за време на снимањето на филмот Rust, Хиларија објави дека е бремена и дека со нетрпение го очекуваат најновиот член во семејството.
Прочитајте и Има опсесивно-компулсивно нарушување, првата жена го оставила заради алкохолизам - Факти за Алек Болдвин
Погледнете го видеото во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело