„Бевме одвратни, не се бањавме“ – Џејсон Присли сподели детали од животот со Бред Пит
- Детали
- среда, 17 јануари 2024
„Сигурно тоа е тајната за денес да изгледа помладо од тебе“, коментираат твитерџиите откако актерот Џејсон Присли откри дека додека биле цимери со Бред Пит, имале натпревар за тоа кој подолго може да издржи да не се бања. Според него, Бред секогаш победувал.
Ѕвездата на хит серијата Beverly Hills 92010, Џејсон Присли, неодамна гостуваше во емисија каде зборуваше за периодот додека бил цимер со Бред Пит во Лос Анџелес.
Џејсон претходно откри дека пред да станат славни, во 1987-ма година неколку месеци живееле заедно со Бред Пит и со уште еден цимер во двособен стан во еден од најужасните делови на Лос Анџелес, а сега откри уште неколку детали за тој период.
„Бред не беше толку лош како другиот цимер кој беше вистинска катастрофа. Сепак, Бред беше во ред“ – изјави Џејсон во гостување во емисија.
Тој претходно откри дека во тој период преживувале на нудли и пиво без етикета, а сега зборуваше дека цимерите во станот имале еден ужасен натпревар.
Како што појасни, тој и неговите цимери се натпреварувале кој ќе издржи подолго да не се избања.
„Сега си мислам за тоа и си велам: ‘Брат, колку е одвратно. На што мислевме?‘
А, Бред беше тој што секогаш победуваше. Не верувам дека сè уште го прави тоа, но во тој период можеше да издржи долго време без да се истушира“ – изјави Џејсон.
Интересно е што по овој период, Џејсон прв успеа да стигне до слава откако беше избран за улогата на Брендон Волш во серијата Beverly Hills 92010, а Бред Пит се прослави една година подоцна откако ја доби улогата во филмот Thelma & Louise.
Инаку, на Твитер коментарите се најразлични, но според некои Џејсон Присли е љубоморен на славата на неговиот некогашен цимер, па затоа сега измислува детали.
„Сигурно тоа што не се бањал не влијаело врз неговата кариера или банкарска сметка, нели?“;
„Сепак тој денес има поуспешна кариера и е побогат од тебе, додека ти си заборавен. Исто така, тој денес изгледа помладо отколку во тие години, а ти изгледаш како да си во 70-тите години од животот“- стои во дел од коментарите на Твитер.
Б. С. Б. | Црнобело