Алек Болдвин (63) откри дека ќе стане татко по осми пат, само 5 месеци по случајното убиство на колешката (фото+видео)

„Ова е целосно изненадување и светла точка во нашите животи“ – рече Хиларија Болдвин во видеото во кое најави дека таа и Алек ќе станат родители по седми пат. Алек има уште една ќерка од претходниот брак со Ким Бесинџер.

alek-boldvin-63-otkri-deka-kje-stane-tatko-po-osmi-pat-samo-5-meseci-po-sluchajnoto-ubistvo-na-koleshkata-foto-01.jpg

Алек Болдвин (63) и Хиларија Болдвин (38) најавија дека ќе станат родители по седми пат, само пет месеци по трагичната несреќа која заврши со убиство на кинематографката Алина Хачинс за време на снимањето на филмот Rust.

alek-boldvin-63-kje-stane-tatko-po-osmi-pat-samo-5-meseci-po-ubistvoto-na-halina-hachins-foto-02.jpg

Само неколку месеци по фаталното пукање за време на снимањето на филмот Rust, во кое Алек Бoлдвин ненамерно ја усмрти кинематографката Халина Хачинс (42), сопругата на актерот - Хиларија, на Твитер објави кратко видео во кое најави дека парот наскоро ќе го добие седмото дете.

Според Хиларија, новото дете ќе биде новата „светла точка во нивните животи“.

„По многу воздигнувања и падови во последните неколку години имаме едно возбудливо воздигнување и големо изненадување: уште еден член на семејството Болдвин ќе дојде оваа есен“ – напиша Хиларија.

alek-boldvin-63-kje-stane-tatko-po-osmi-pat-samo-5-meseci-po-ubistvoto-na-halina-hachins-foto-03.jpg

Хиларија пред да се породи со нејзиното петто дете Еду имаше два спонтани абортуси, па рече дека не очекува повторно да стане мајка, а вели дека вестите за новиот седми член во семејството биле целосно изненадување.

За потсетување, шестото дете, Алек и Хиларија го добија со помош на сурогат мајка.

„Бевме во целост сигурни дека нашето семејство е целосно и навистина сме мошне среќни заради ова изненадување. Го споделувам со вас моментот кога им кажавме на децата – како што можете да видите, тие се мошне возбудени“ – рече Хиларија.

alek-boldvin-63-kje-stane-tatko-po-osmi-pat-samo-5-meseci-po-ubistvoto-na-halina-hachins-foto-05.jpg

Алек Болдвин и Хиларија се во брак од 2012-та година, а заедно имаат шест деца: Кармен Габриела (8), Рафаел (6), Леонардо (5), Ромео (3), Еду (1) и Лучиа (1).

Болдвин исто така има ќерка од претходниот брак со Ким Бесинџер, Ирланд Болдвин (26).

Прочитајте и Има опсесивно-компулсивно нарушување, првата жена го оставила заради алкохолизам - Факти за Алек Болдвин

Погледнете го видеото на Хиларија во продолжение:

https://www.instagram.com/tv/Cbsl3v5j69D/?utm_source=ig_web_copy_link

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ... Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Со пари можат да си купат и талент - како живеат и заработуваат ќерките на Џеј Ло, Бијонсе, Ким Кард... Ќерката на Бијонсе има личен готвач и стилист, а името ѝ е заштитено со закон. К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg