Џорџина за смртта на синот: „Се откина огромен дел од моето срце – немав сила да продолжам“

„Наеднаш ги почувствував најубавиот и најлошиот миг во мојот живот’ – вели партнерката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез која за првпат јавно прозборе за загубата на синот во април при породување и рече дека тоа е „најлошиот момент во нејзиниот живот“.

djordjina-za-smrtta-na-sinot-se-otkina-ogromen-del-od-moeto-srce-nemav-sila-da-prodolzham-01.jpg

Во втората сезона од документарниот филм на Netflix посветен на нејзиниот живот, Џорџина меѓу другото ќе зборува и за породувањето во април кога на свет ја донесе ќерката Бела Есмералда, но за жал го загуби синот близнак.

djordjina-za-smrtta-na-sinot-se-otkina-ogromen-del-od-moeto-srce-nemav-sila-da-prodolzham-02.jpg

Netflix најави дека ќе се емитува втора сезона од документарниот фил I am Georgina, а шпанските новинари имаа можност да проследат кратко предвидео од новиот документарен филм, каде според Daily Mail моделот говори и за загубата на синот:

„Годинава одеднаш ги почувствував најубавиот и најлошиот миг во мојот живот. Се откина голем дел од моето срце и се прашував како ќе продолжам понатаму.

djordjina-za-smrtta-na-sinot-se-otkina-ogromen-del-od-moeto-srce-nemav-sila-da-prodolzham-03.jpg

Сепак, одговорот беше веднаш до мене. Погледнав во очите на моите деца и сфатив дека единствен начин за да продолжам е да бидам заедно со нив“ – вели таа.

djordjina-za-smrtta-na-sinot-se-otkina-ogromen-del-od-moeto-srce-nemav-sila-da-prodolzham-11.jpg

Засега, не се знае точниот датум кога втората сезона од документарниот филм ќе почне да се емитува, но ова е првпат Џорџина јавно да зборува за смртта на синчето што го загубија на породувањето на 18-ти април годинава.

Инаку, Џорџина сподели нови фотографии од неа и децата на Инстаграм во албум до кој стави краток опис:

„Љубовта на мама“.

Погледнете ги фотографиите во продолжение:

djordjina-za-smrtta-na-sinot-se-otkina-ogromen-del-od-moeto-srce-nemav-sila-da-prodolzham-05.jpg

djordjina-za-smrtta-na-sinot-se-otkina-ogromen-del-od-moeto-srce-nemav-sila-da-prodolzham-06.jpg

djordjina-za-smrtta-na-sinot-se-otkina-ogromen-del-od-moeto-srce-nemav-sila-da-prodolzham-07.jpg

djordjina-za-smrtta-na-sinot-se-otkina-ogromen-del-od-moeto-srce-nemav-sila-da-prodolzham-08.jpg

djordjina-za-smrtta-na-sinot-se-otkina-ogromen-del-od-moeto-srce-nemav-sila-da-prodolzham-09.jpg

djordjina-za-smrtta-na-sinot-se-otkina-ogromen-del-od-moeto-srce-nemav-sila-da-prodolzham-10.jpg

djordjina-za-smrtta-na-sinot-se-otkina-ogromen-del-od-moeto-srce-nemav-sila-da-prodolzham-12.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Холивудски ѕвезди кои глумеле со своите деца или родители во ист филм Дали знаете дека Румер Вилис како дете глумела во ист филм со нејзината славна м...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Бен Афлек и синот „шлапнаа“ во вир, Жизел Бундшен тагува: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ лу... Секојпат кога Бен е мизерен, тој завршува како меме, а пред неколку дена папарац...
Џорџина и Роналдо на божиќно патување во Лапонија со децата – го посетија Дедо Мраз, се возеа со сан... Роналдо позира со ирваси во снежна идила, се вози со децата на моторни санки, а ...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg