„Трпев огромни болки“ - Заводникот Малума итно опериран, сега танцува со бастун и во влечки додека закрепнува

„Имав биоразградливи штрафови во коленото, па еден од нив се скрши и имав огромни болки“ – информира Малума за операцијата на коленото што неодамна му беше направена. Згодниот колумбиски пејач сега танцува на социјалните мрежи со бастун и по влечки.

kolumbiskiot-zavodnik-maluma-na-itna-operacija-tancuva-so-bastun-i-vo-vlechki-dodeka-zakrepnuva-video-01.jpg

Колумбискиот заводник Малума (28), познат по соработките со голем број познати пејачки како Џеј Ло, Шакира и Мадона, како и по тоа што играше во филмот Marry Me, заедно со Џеј Ло, неодамна ги информираше своите фанови дека ќе треба да направи операција на коленото.

Тој објави фотографија од себеси во болница и појасни дека имал помала интервенција на коленото. По операцијата ги информираше своите фанови дека се чувствува добро и дека закрепнува.

 „Кога времето е лошо, насмевни се. Треба да ми направат помала операција на коленото, но со вашите молитви и со позитивна енергија, верувам дека сè ќе биде добро. Ве сакам“ – напиша тој до фотографијата.

https://www.instagram.com/p/CiAcugHOWZm/?utm_source=ig_web_copy_link

Сега, по неколку дена објави уште едно видео во кое се гледа дека со завој на ногата и со бастун танцува на неговата песна „Nos comemos Vivos“.

Инаку, претходно пејачот појасни дека процедурата била направена како последица на претходна операција што ја имал пред две години, кога имал повредени лигаменти на коленото.

„За време на првата операција на коленото, пред околу две години, ставија биоразградливи штрафови, па делче од тие штрафови се откачи и почна да ми шета низ коленото и трпев огромни болки.

Не можев ниту да нагазам на стапалото, не можев да се наведнам и сè се случи преку ноќ, мислев дека тоа е последица од многу вежбање, или премногу физичка активност... Фала му на Бог, добро сум, а операцијата беше успешна“ – рече тој.

Прочитајте и Романтичната љубовна приказна на Малума и неговата избраничка - тајно бил вљубен во скромна девојка

Погледнете повеќе фотографии од Малума во продолжение:

https://www.instagram.com/p/ChspjsXuEeL/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/ChpvTyDPFKK/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/ChBFVRaublY/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/CgcKZFvL3zj/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/Cel2tbRtwH3/?utm_source=ig_web_copy_link

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Малума објави видео на кое ја бричи главата на 4-месечната ќерка: „Ти си лош родител“ „Можеби си добар музичар, но ти си лош родител“ – му порачаа дел од следбениците...
Татко и партнер за пример: Малума ѝ ги облекува чевлите на бремената девојка Додека некои ѕвезди кријат дека очекуваат деца, Малума се труди да објави фотки ...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Жизел Бундшен за паничните напади: „Се откажав од семејството и живеев на брза храна – откако го про... „Најлошата работа за паничните напади е интензивниот страв дека ќе имате уште ед...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Меган Фокс првпат искрена за пластичните операции: „Трипати ги зголемив градите, сакам и поголем зад... „Првата операција ја направив на 21 или 22 години. Повторно направив операција к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg