Џорџина Родригез во црна полутанга и високи потпетици го покажа новиот имиџ, 3 месеци по породувањето (видео)
- Детали
- сабота, 23 јули 2022
Со коса собрана во плетенки и витка линија, само 3 месеци по породувањето, партнерката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез е непрепознатлива во новото видео што го објави на социјалните мрежи.
Партнерката на светски познатиот фудбалер Кристијано Роналдо (37), Џорџина Родригез (28) се враќа на работните обврски. Во црна полутанга, бела кошула и розови високи потпетици манекенката остави многу малку на имагинацијата.
Џорџина која во април годинава се породи со ќерката Бела Есмералда, на својот Инстаграм профил објави кратко видео во кое во прв план е нејзиниот задник.
Забележително е дека познатата манекенка, за многу кратко време по бременоста успеала да се врати во топ форма, а овојпат одлучила фризурата да ја стилизира во плетенки.
Погледнете го видеото во продолжение:
Прочитајте и Џорџина Родригез во ретко несредено издание – со растурена фризура и опуштен стомак по бременоста (фото)
Инаку, таа го објави видеото само неколку денови откако беше фотографирана од папараци фотографи додека уживаше на јахта со Кристијано и синот Кристијано Роналдо Џуниор (11).
Погледнете уште неколку фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело