Џорџина Родригез со Инстаграм објава ги поттикна шпекулациите дека се омажила за Кристијано Роналдо
- Детали
- четврток, 07 март 2024
Џорџина Родригез, партнерката на Кристијано Роналдо, на Инстаграм Стори објави слика која личи на покана за свадба, па многумина веруваат дека парот се венчал во Саудиска Арабија на 5 март.
Со само една објава на својот профил, Џорџина Родригез ги поттикна шпекулациите дека се омажила за својот долгогодишен партнер, Кристијано Роналдо.
Сликата потсетува на покана за свадба, на која има илустрација од бел плик затворен со срце и нејзиното име, а напишани се и датум и локација - 5 март, 19 часот, Ријад, Саудиска Арабија.
Ова ги поттикна шпекулациите дека по 7 години врска, Роналдо и Џорџина конечно си кажале „да“, па фановите почнаа да им честитаат.
Има и такви кои не веруваат дека станува збор за венчавка и дека Џорџина не би дозволила нејзиниот голем ден да помине без помпа.
Манекенката и инфлуенсерка изминатите неколку дена беше во Париз, каде што се појави како модел на ревијата на модната куќа Vetements.
Таму се фотографираше со Јелена Карлеуша, а на Твитер се споделува и видео во кое, наводно, Џорџина ѝ кажала на српската пејачка дека Роналдо ќе игра уште една, најмногу две години.
https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1764070469962002594
Роналдо (39) игра за саудискиот клуб Al-Nassr, но поради возраста, се очекува наскоро да ги закачи копачките и да стави крај на кариерата.
А. Ј. | Црнобело