Јелена Карлеуша ѕвезда на модна ревија во Париз, друштво ѝ правеше Џорџина Родригез (видео)
- Детали
- сабота, 02 март 2024
Јелена Карлеуша овој пат во Париз не беше само да ги гледа модните ревии, туку и да биде манекенка на некои од нив.
Српската ѕвезда Јелена Карлеуша беше меѓу ѕвездите на една од ревиите што се одржуваат на Модната недела во Париз.
Таа се прошета на пистата на ревијата на модната куќа Vetements.
https://www.instagram.com/p/C3--kGsCSl7/
Јелена широки носеше црвени панталони со бели линии и висок стук комбинирани со сива маичка на прерамки.
Друштво на модната писта ѝ правеа Џорџина Родригез, партнерката на Кристијано Роналдо и познатата светска манекенка Вини Харлоу, но и ѕвездата на „Очајни домаќинки“, Марша Крос (Бри).
Vetements е бренд кој во 2014-та година го основа грузискиот дизајнер Гурам Гвазалија заедно со својот брат Демн, а кој е сега креативен директор на модната куќа Balenciaga.
Го опишуваат како луксузен бренд прилагоден на „уличната“ мода.
Пејачката вчеравечер беше манекенка и на ревијата на брендот Windowsen.
Таму носеше футиристички модел со високи жолти чизми, ултра кратко здолниште и топ со животински принт.
Погледнете ги видеата:
#vetements #ParisFashionWeek pic.twitter.com/krhBuQ1i76
— ZORAN BIRTAŠEVIĆ (@zoranbirtasevic) March 1, 2024
https://www.instagram.com/reel/C3_L9LGiEu7/
А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм