По скандалите и психичките проблеми, Миша Бартон е непрепознатлива со мрсна коса и подуено лице (фото)
- Детали
- понеделник, 04 јули 2022
Миша Бартон, која беше препознатлива по улогата на Мариса во „Округот Оринџ“ и важеше за една од најубавите млади актерки, денес изгледа непрепознатливо – со вишок килограми, неуредна коса и без трага од гламурот од пред 20 години.
Со улогата на проблематичната млада девојка Мариса Купер во „Округот Оринџ“ (2003-та), Миша Бартон преку ноќ достигна огромна популарност, но славата брзо создаде драма од нејзиниот приватен живот.
Во наредните години Миша се соочи со низа проблеми и скандали, тужби со нејзината мајка, но и поранешни момци заради секс-снимки, а имаше и психички проблеми заради кои заврши и во психијатриска установа.
Прочитајте повеќе за тоа тука: Пропаѓањето на холивудската убавица: дрога и скандали - Миша Бартон е непрепознатлива
Од 2019-та таа повторно се обидува да си ја врати кариерата, но неколкупати има признаено дека има посттрауматско стресно нарушување и дека ден-денес кога ќе слушне звук од камера, добива панични напади и станува параноична.
Ако некогаш ги полнеше таблоидите со скандали, денес е посветена на тоа да го пренесе своето искуство и да им помогне на другите млади жени кои се соочуваат со истото.
20 години по врвот на славата, таа изгледа непрепознатливо, а последно папарацо фотографите ја „уловиле“ како остава стара облека на користење, а потоа се освежува со пијалак.
Нови фотки од Миша Бартон:
Како изгледаше Миша некогаш:
М. М. | Црнобело