Пропаѓањето на холивудската убавица: дрога и скандали - Миша Бартон е непрепознатлива
- Детали
- четврток, 24 септември 2020
Нас ни е најпозната по улогата на Мариса Купер во серијата „Округот Оринџ“. Миша Бартон (34) стекна светска слава, но за жал, во меѓувреме се бореше со бројни скандали, а денес речиси и не личи на себе.
Миша е родена во Лондон, има ирско – англиско потекло, а со актерство почнала да се занимава со само 8 години. Но, по улогата на Мариса, таа запаѓа во големи проблеми. Велат дека во оваа улога како да е пресликан нејзиниот вистински живот.
Наркотиците почнуваат да владеат со нејзиниот живот. Доживува нервен слом во својата фамилијарна куќа.
„На ништо не се сеќавам. Само на одредени делови од таа вечер. Знам дека пријателите ми рекоа да преспијам и дека ќе ми помине, а што се случувало во меѓувреме, немам сеќавање. Знам само дека халуцинирав“ – изјави Миша.
Ситуацијата дополнително ја комплицира и лошиот однос со нејзината мајка која ја тужела за искористување. Поранешниот дечко Џон Захари ја уценуваше со порнографска снимка.
Миша го тужеше и го доби овој случај, но заради овој скандал помислувала често и на самоубиство.
Завршила неколкупати на суд заради неплатена кирија и други проблеми.
Се сеќава како викала по минувачите од својот балкон и зборувала сама со себе. Подоцна тврдеше дека некој постојано ја дрогирал без да знае.
Најголем скандал направи кога преку оградата во дворот викаше на сиот глас дека мајка и е вештерка облечена само во кошула и кравата. По овој инцидент беше сместена во психијатриска болница.
Нејзини последни улоги се во филмот „Spreе“ (2020) и серијата „The Hills: New Beginnings“ (2019).
Деновиве е фотографирана од папараците и речиси непрепознатлива....
Е. П. | Црнобело