Одат во специјално училиште, мора да доживеат тешкотии: Чудни правила што децата на Илон Маск ги следат + дали ќерката на Амбер Херд е негова?
- Детали
- недела, 19 јуни 2022
Се шпекулира дека Илон Маск е татко на ќерката што Амбер Херд минатата година ја доби преку сурогат мајка. Актерката, пак, вели дека таа ѝ е и татко и мајка, но дека пред 4 години одлучила да добие дете. Ексцентричниот милијардер, пак, има некои свои правила кога станува збор за воспитувањето на неговите седум деца. Кои се тие?
Милијардерот Илон Маск има седум деца, од кои шест синови и една ќерка.
Од бракот со Џастин Вилсон, тој во 2002-ра година го доби синот Невада Александар Маск, кој почина во десеттата недела од животот.
По ова парот се одлучи да добие потомство по пат на вонтелесно оплодување, па така во 2004-та година ги добија близнаците Грифин и Ксавиер Маск (17), а во 2006-тата година тројката Каи, Саксон и Демијан Маск (16).
По разводот со Џастин Вилсон, Илон беше во врска со актерката Талула Рајли со која стапи во брак во 2010-та година, но се разведе во 2012-та година. Парот повторно стапи во брак во 2013-та година и повторно се разведе во 2016-та.
Во 2016-та година тој беше во врска со Амбер Херд, со која се разделија затоа што и двајцата имале премногу напорен распоред, а ексцентричниот милијардер призна дека навистина бил вљубен во поранешната сопруга на Џони Деп и дека разделбата длабоко го погодила.
Минатата година Амбер Херд стана мајка на ќеркичката Уна Пејџ Херд (1), за која рече дека ја добила со помош на сурогат, а не сакаше да открие кој е татко на бебето.
„Пред 4 години одлучив дека сакам да имам дете и тоа под мои услови. Знам дека можеби моите размислувања се радикални, но сметам дека тоа е мој живот. Јас сум ѝ и мајка и татко, а таа е главна“ – рече Амбер.
Се знае дека во периодот кога Амбер наводно одлучила да стане мајка таа беше во врска со Илон Маск, па се шпекулира дека е сосема возможно тој да биде татко на нејзината ќерка.
Од друга страна, Илон по раскинувањето со Амбер Херд, во 2018-та година ја започна врската со канадската пејачка Грајмс со која во 2020-та година го доби синот X Æ A-Xii Musk, кого нагалено го викаат X, а во 2021-ва ја добија ќерката Exa Dark Sideræl Musk, која нагалено ја викаат Y.
Со оглед на тоа што се деца на еден од најбогатите, но и најексцентричните луѓе во светот, се поставува прашањето како тој се грижи за своите деца.