Бурна врска со актерот од „Касандра“, го изневери поранешното момче со Пике - Љубовниот живот на Шакира (фото)
- Детали
- сабота, 25 јуни 2022
Била во врска со 16 години постариот актер Освалдо Риос кој играше во ТВ серијата „Касандра“. Бившото момче го изневери со Жерар Пике, а сега таа е изневерена и ја прекина врската со таткото на нејзините деца. Да се потсетиме на бурното љубовно минато на Шакира.
Познатата пејачка Шакира (45) во изминатиот период беше во фокусот на јавноста заради разделбата со долгогодишниот партнер, фудбалерот Жерар Пике (35). Таа отворено говореше дека парот не верува во брак, но призна дека сонува со него да има 8 или 9 деца.
„Жерар е со мене затоа што тој сака да биде со Шакира, како личност, а не како славна пејачка.
Нашата љубов е вистинска, немаме скриени мотиви и јас сум со него затоа што тој е најпрекрасната личност што сум ја запознала.
Ги сакаме истите нешта, но и ги мразиме истите нешта“ – изјави во една прилика Шакира.
За време на 12-годишната врска со фудбалерот на Барселона ги доби синовите Милан (9) и Саша (7), а според првичните гласини причината за разделбата е неверството на фудбалерот.
Наводно Шакира го фатила на дело својот партнер со русокосата хостеса со која тој се среќавал во познат ноќен клуб во Барселона. Според шпанскиот весник El Periodico името на љубовницата на Пике почнува на буквата „К“, а таа ги избришала профилите на социјалните мрежи по избувнувањето на скандалот.
Прочитајте и Русокоса хостеса или модел на OnlyFans - Која е љубовницата со која Шакира го фатила Пике на дело?
Во последните 12 години Шакира и Пике важеа за еден од најскладните познати парови, па многумина заборавија на романтичните врски кои таа ги имаше пред него.
Се чини дека Колумбијката зад себеси има само долги и сериозни врски, а познато е дека пред да биде со Пике, била уште со (барем) двајца мошне познати мажи.