Илон Маск (50) со опуштено стомаче на состанок со новата 27-годишна девојка (5 месеци откако доби бебе со бившата)
- Детали
- вторник, 31 мај 2022
Илон Маск во сосема опуштено издание со новата девојка која е 27-годишна австралиска актерка. Најбогатиот човек на светот раскина со бившата 2 месеца пред да се роди нивното дете.
Илон Маск (50) беше фотографиран со новата девојка, австралиската актерка Наташа Басет, како ужива во рајот за милијардерите Сен Тропе.
Парот уживаше во раскошен хотел, каде ноќевање е илјадници долари, но тоа не е ништо за најбогатиот човек на светот.
27-годишната Басет заинтересирано разговараше со Маск, а потоа парот се прошета крај океанот.
Се верува дека парот започнал да се состанува во февруари годинава, кога беа фотографирани како се симнуваат од приватниот авион на Маск.
Маск го доби второто дете со поранешната девојка, музичарката Грајмс, во декември минатата година со помош на сурогат мајка. Тие ја прекинаа врската во септември, два месеци пред породувањето.
Новата девојка на Маск е прифатена и од страна на неговата мајка, а парот имаше неколку појавувања заедно во Кан.
Басет потекнува од Австралија, но на 19 години се преселила во Њујорк поради градење на кариера, а подоцна и во Лос Анџелес.
Маск е татко на 7 деца и зад себе има три разводи, од кои 2 со иста жена.
Повеќе фотографии од Басет:
https://www.instagram.com/p/CEC2eiPAD9w/
Прочитајте и Грајмс открива дека Илон Маск живее на „раб на сиромаштија“: „Немавме обезбедување, соседите нè снимаа - тој не дава пари за нас“
Фотографии од парот:
С. С. | Црнобело